Во Велес отворена изложбата на Ангел Миов

Во Ликовниот салон во Велес е отворена изложбата на Ангел Миов „Цртеж,да!?Е или Не“ од серијата на Дирекцијата за култура и уметност од Скопје„Кич,да!/Сте или не?, во соработка со Народниот музеј од Велес.

На изложбата се претставени 12 големи платна различно распоредени во диктиси, триптиси, поединичени слики и две големи композиции составени од по 24 платна.

На изложбата класичниот поим на цртеж се разработува во една современа форма со влечење на конци со обична прегорена неонка на бело платно, а со изложбата оди и видео за тоа како се одвива изработката на цртежите на платното.

Како што појаснува за МИА уметникот Ангел Миов, сите овие дела го поставуваат прашањето што е тоа цртеж што е и насловот на изложбата, дали е цртежот молив, јаглен или било каква трага на бел лист хартија.

– Тоа е уметничко влијание на хартија со помош на некоја алатка, каде што уметникот гледа одредена слика, а која која во еден момент одлучува дека носи есететски и ликовни вредности и тука застанува, појаснува Миов.

Покрај есететската вредност која ја има, цртежот ја има и пораката да се нагласи тој вечен порив на уметникот дека е во процес на игра. Цртежот е една дисциплина која луѓето ја негуваат од најмлада возраст уште од деца цртаат и нешто е препознатливо, а нешто не е.

– Цртежот е еден миг кој не поврзува до тоа детска игра. Јас во своите дела оставам таа линија на цртежот да ме води,појаснува Миов.

Инаку 35-годишниот Ангел Миов родум Гевгеличанец, кој работи како доцент АКТ на ФЛУ „Св Кирил и Методиј“ во Скопје припаѓа на младата генерација ликовни уметници и еден од основачите на независната група и простор Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. во Скопје. Има 14 самостојни и повеќе од 30 групни изложби и фестивали во Македонија, САД, Германија, Франција, Холандија, Данска, Литванија, Србија, БиХ, Русија, Кина, Бугарија…

Никола Глигоров директор на дирекцијата за култура и уметност од Скопје, појаснува дека преку проектот „Кич,да!?Сте или не? Се обидува преку циклусот на патувачки изложби низ градовите низ Македонија да одговори на таа дилема. Одговорт е Кич секако не, а за тој одговор ни помагаат уметниците со нивните дела на изложбите.

– Воедно ваквиот проект има за цел и дисперзија од културата во Скопје подеднакво и во другите градови во земјава, а за овие изложби има голем интерес во сите градови појаснува Глигоров.