Почитувани,

Македонската Алијанса изразува целосна поддршка за пораките кои вчера во својот говор ги испрати Претседателот Ѓорѓе Иванов. Светиот Илинден, 2-ри август датумот кој ги поврзува двата клучни настани од Македонската историја, е вистинската можност да се демонстрира како секој избраник на народот треба да се однесува. Највисока патриотска должност е да се брани Уставот на Република Македонија и да се одбрани наследството кое нашите предци ни го оставија во аманет! Само слаби, уценети и луѓе алчни за гола власт и привилегии, кои знаат каков зулум му прават на својот народ, можат да тврдат дека говор со кој се брани Уставното име е опасен и ја загрозува иднината. Тоа е скандалозно и антимакедонско тврдење! Целата Македонска Дијаспора изразува согласување со повторувањето на ветувањето и ставот на Претседателот на Републиката дека по ниту една цена нема се согласи со кукавичкиот чин и велепредавството на актуелната немакедонска Влада. И јас да сум на местото на Иванов, без никакви дилеми, со чиста совест и исклучиво од патриотски побуди би постапил исто, како што ги уверувам моите браќа и сестри Македонци дека од мојата сегашна позиција како Претседател на Македонската Алијанса до крај останувам посветен на демократската борба за одбрана на светото Македонско име и идентитет. Тоа е борба на нашата генерација!

Во Татковината се ретки политичарите кои навистина го разбираат значењето на положувањето на заклетва и преземање обврска да се штити Државата и Народот. Заедничкото чествување на Илинден во Благоевград, на кое присуствуваше Заев, после која Радев не пропушти да провоцира дека Илинденското востание е Бугарско, е директна потврда за штетноста за Договорот со Бугарија. Иако, Македонскиот народ веќе го одби Договорот Заев – Ципрас, крајно штетните последици од него допрва ќе ги чувствуваме. Тоа народот го гледа и затоа негодува!

Македонската Алијанса го разбира гневот на Македонскиот народ, но истовремено не може да се согласиме и да одобруваме нарушување на јавниот ред и мир, и скандирање на навредливи слогани кон Албанското етничко малцинство. Ваквите погрешни постапки им даваат значење на подмолните тези со кои изродите на Македонскиот народ се обидуваат дополнително да го разделат и уништат Македонското национално ткиво. Заев, Димитров и Шекеринска во обидите да го истуркаат своето велепредавство сакаат да наметнат мислење дека оние кои го бранат Уставното име се мрачни и ретроградни сили, кои наводно по налог на странски сили како Русија и Турција се спротиставуваат на членството на Татковината во ЕУ и НАТО. Еве, јас сум одличен доказ дека тоа се лажни и многу перфидни тези! Јас, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, Македонец со Американски пасош, Републиканец по политичко уверување, близок до администрацијата на Претседателот Доналд Трамп, сакам, и со децении се борам мојата Татковина да стане член на ЕУ и НАТО Алијансата, но не’ со обезличување и бришење на историјата!

ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ НЕ ПОМИНУВА! САМО ИЗБОРИ СЕ РЕШЕНИЕ! ЌЕ ИМА НОВА ВЛАДА СПОСОБНА ДА ГИ ОДБРАНИ ИМЕТО И ИДЕНТИТЕТОТ!

Македонија минува низ многу тежок период. Нападната е од внатре и веќе долг период Македонските национални обележја се под закана. Македонскиот народ низ историјата поминал низ многу премрежја, ќе ја издржиме и оваа немакедонска Влада и ќе излеземе посилни од било кога! Убеден сум дека брзо ќе дојде време кога велепредавниците ќе мора да се соочат со сопствената политичка и кривична одговорност!

МАКЕДОНИЈА БИЛА, Е, И ЌЕ ОСТАНЕ МАКЕДОНИЈА!

БОГ ДА ЈА ЧУВА ТАТКОВИНАТА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

SHARE