СДСМ: Рекордниот индустриски раст во јуни потврдува дека економијата е во нагорна линија

Рекордниот индустриски раст од 12,1 отсто во јуни 2018 година, потврдува дека економијата се движи во нагорна линија

Планот за економски раст и мерките кои ги презема Владата предводена од СДСМ продолжуваат да нижат успеси, а за тоа говорат и бројките кои се движат во нагорна линија.

Според официјалните податоци, индустрискиот раст во месец јуни бележи пораст од 12.1 отсто во однос на истиот месец од 2017 година, што истовремено е рекорден индустриски раст забележан досега. Истовремено, вкупниот индустриски раст за првата половина од 2018 година е за 5 отсто повисок споредено со истиот период од 2017 година.

Порастот во енергетиката од 12,3 отсто, во капиталните производи од 34,2 отсто, во производите за широка потрошувачка од 20,1 отсто и во производството на текстил од 13,8 отсто, се показател дека Владата спроведува ефикасно мерки, стабилни на долг рок и со нив се опфатени сите индустриски гранки.

Ваквите позитивни резултати на растот во индустријата овозможуваат позитивен економски тренд, што истовремено е проследен и со раст на другите економски параметри, како што е порастот на просечната плата на 24.509 денари, како и порастот на извозот од 14,1 отсто за првата половина од годинава.

Преку добро осмислена економска стратегија, без непродуктивни трошења, со добро искреирани проекти, преку законот за финансиска поддршка вклучително со сите мерки од трите столба, преку намалувањето на јавниот и државниот долг, Владата предводена од СДСМ ја стабилизираше и ја врати довербата во македонската економија.

Владата предводена од СДСМ продолжува со зацртаната економска стратегија што обезбедува економски стабилна и развиена држава со пододбар животен стандард. Таквиот процес, освен со успешните економски мерки, уште повеќе ќе се интензивира со влезот на Македонија во НАТО и со отпочнувањето на преговори за членство во ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *