Писмена реакција за одлуката за распишување референдум

Почитувани,

Македонија во моментот ја раководат дузина безрбетници кои го потценуваат Македонскиот народ. Само уценети политичари водени од својата алчност за власт и привилегии може да  помислат дека успешно ќе организираат фалсификат референдум. Секој нивни потег е противуставен, незаконски и создава основ за сериозна кривична одговорност. Вклучително и вчерашната одлуката протуркана на сила во Македонското Собрание.

Три прашања до Заев, Димитров и Шекеринска.

Прво, зошто не распишавте консултативен референдум пред да го потпишете кукавичкиот договор и да направите велепредавство во Нивици, Преспа, Егејска Македонија? Второ, зошто не го почитувате член 120 од Уставот кој јасно и прецизно предвидува задолжителен референдум кога се прашуваат граѓаните за стапување во сојузи со други држави, како што во конкретниот случај вие го поврзувате вашето предавство со членството на Македонија во ЕУ и НАТО Алијансата? Трето, ако навистина верувате дека Македонскиот народ се согласува со вашите постапки за промена на името и идентитетот, зошто не се согласивте со нашето барање да одиме на брзи предвремени парламентарни избори?

ДОСТА ГО ЛАЖЕТЕ И ПОТЦЕНУВАТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! НЕ ВИ ПОМИНУВА ФАЛСИФИКАТОТ! ЌЕ ИМА ИЗБОРИ И НОВА ВЛАДА СПОСОБНА ДА ГИ ЗАШТИТИ СВЕТОТО МАКЕДОНСКОТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ!

Македонскиот народ не прифаќа да го обезличат, да го направат безимен и без историски корени. Македонскиот народ не е наивен да верува дека двојната формула за идентитетот гарантира дека нема да не нарекуваат „северномакедонци“. Македонскиот народ не сака да им го сврти грбот и да се откаже од своите браќа и сестри во регионот. Македонскиот народ не сака да се откаже од древното Македонско сонце од Кутлеш и да им го даде ексклузивното право на Грците за античките корени и Александар Македонски.

КОЛКУ И ДА БЕГАТЕ ОД ВИСТИНСКО СООЧУВАЊЕ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ТОА НЕМИНОВНО ЌЕ ВЕ СТИГНЕ! ЗА ТЕШКИТЕ ДЕЛА ПРОТИВ ТАТКОВИНАТА ЌЕ СНОСИТЕ ПОЛИТИЧКА И КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА       

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *