Димитров: Разговорите за името продолжуваат по празниците

 Разговорите за прашањето за името ќе продолжат во периодот по празниците, вели шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

– По подолга пауза од три години имавме прва средба на преговарачите со медијаторот Нимиц. Договорена е следната да биде по празниците во јануари така што не би требало да се очекува некакво посебно случување во периодот на празниците. Поставена е сцената, процесот е отпочнат, динамиката е воспоставена, меѓутоа нема ништо поново да се случи додека траат празниците, рече Димиторв на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто кој се наоѓа во посета на Македонија.

Запрашан дали смета дека изјавата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова дека е во духот на добрососедството за тоа дека 70.000 Македонци кои добиле бугарски пасоши се Бугари, Димиторв вели дека го нема видено нејзиниот коментар, а како одговор ја посочи потребата од што поскора интеграција во ЕУ.

– Вистинското решение како да се справиме со тоа што наши државјани аплицираат за пасоши на други земји, на земји членки е да ја зголемиме атрактивноста на македонскиот пасош. Вистински долгорочно решение како да се соочиме со овој предизвик е пасошот на РМ да стане пасош на земја членка на ЕУ. И затоа е многу важно да направиме се што можеме да ја искористиме шансата што се црта полека за 2018 година, рече министерот Димитров.

Унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто  на прашање за односот кон НВО на Џорџ Сорос во Унгарија, рече дека тој произлегува од фактот што имаат две дијаметрално спротивни мислења за нелегалната миграција спород кои Сорос ја поддржува миграцијата, додека Владата сака безбедност. Во таа насока нагласи донесена е регулатива која го уредува странското финансирање на НВО-секторот.

– Има повеќе од илјада невладини организации кои работат непречено. Неодамна донесовме регулатива, која се однесува на странско финансирање на невладини организации и се определува лимит на финансирањето кое што невладината организација мора да го пријави како надворешно финансирање на сопствената интернет страница. Луѓето сакаат да знаат од каде ги добиваат парите тие невладини организации особено кога станува збор за НВО и политички партии кои сакаат да влијаат врз креирањето на јавното мислење, рече министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *