Света Литургија во црквата Свети Никола во Перт (Осма Недела по Педесетница)

На 22 јули, 2018 година, во Осмата Недела по Педесетница, кога се празнува споменот на светиот свештеномаченик Панкратиј Епископ Тавроменски, во црквата Свети Никола во Перт, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ, се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.