Министерот Димитров во официјална посета на Косово

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска и утре, ќе престојува во официјална посета на Република Косово.

Покрај средбата со првиот заменик премиер и министер за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, министерот Димитров ќе биде примен и од косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.

Како што соопшти МНР, на средбите се очекува да стане збор за билатералните односи меѓу двете земји, како и перспекитвите на натамошната соработка во области од заеднички интерес, вклучително економската размена, трговијата и инфраструктурното поврзување.

Соговорниците на средбите ќе разменат и мислења околу перспективите на состојбите во регионот и неговото интегрирање во европските и евро-атлантските структури.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *