Македонскиот пијанист Симон Трпчески во Нов Зеланд со изведба на Григовиот пијано концерт

Македонскиот пијанист Симон Трпчески се враќа во Нов Зеланд за да го изведува Григовиот пијано концерт со Новo Зеландскиот симфониски оркестар.

Македонскиот и светски Пијанист Симон Трпчески, во интервју за Радио Нов Зеланд зборува за неговата национална турнеја, за љубовта кон Ново-Зеландскиот Симфониски Оркестар и за тоа како популарниот концерт за пијано – што не го изведува многу често го потсетува на пејзажот на Нов Зеланд.
Воедно, во текот на разговорот тој го најавува и идниот концерт во Калифорнија.

Трпчески вели дека прекрасно е да се биде во Нов Зеланд, но главно времето ќе го поминува работејќи на неговиот нов концерт што ќе се оствари премиерно во Калифорнија на музичкиот фестивал Карбиљо.

“Музичарот постои за да ја сподели својата душа, неговата личност, сето тоа преку неговата музика” вели Трпчески.

“Всушност, тоа е обично волшебен процес, во многу случаи многу тешко да се објасни со зборови, бидејќи сè се случува некаде во воздухот, но кога ќе ги видите среќните лица на народот … за време на изведбата или дури и по претставата, навистина се чувствувате задоволни!

“Понекогаш некои периоди се многу напорно и сум зафатен, во моментот на пример свирам три други рецитали.

“Би рекол дека треба да се има огромна издржливост и психолошка стабилност”.

Целото интервју на англиски можете да го чуете тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *