Писмена реакција за Законските измени за ДИК

Почитувани,

 

Македонската Алијанса постојано предупредува дека немакедонската Влада ќе се обиде да ја фалсификува вољата на Македонскиот народ. Нивното сценарио сега добива своја конкретна форма и тек. Нивниот предлог да се избира новиот состав на ДИК без опозицијата е скандалозен. Не постои никакво оправдување за овој недемократски потег. Изгледа Заев, Димитров и Шекеринска заборавија што правеа кога беа опозиција. Дека го блокираа Македонското Собрание и ја држеа во заложништво Татковината. Зарем толку го потценија Македонскиот народ и мислат дека никој не памети како Талат Џафери со читање поезија го блокираше Законот за правата на Македонските бранители од 2001?

 

Само уценети политичари, изроди на Македонскиот народ и велепредавници може да помислат дека успешно ќе организираат лажен референдум за промена на Уставното име!

 

ДОСТА ГО ЛАЖЕТЕ И ПОТЦЕНУВАТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! НЕМА ПОТРЕБА ОД ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ! БАРАМЕ ИЗБОРИ! ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ДО ИЗБОРОТ НА НОВА ВЛАДА СПОСОБНА ДА ГИ ЗАШТИТИ СВЕТОТО МАКЕДОНСКОТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ!

 

Македонскиот народ не е наивен! Договорот Заев – Ципрас е веќе одбиен. Македонските граѓани не сакааат да станат безимени и народ без историски корени. Не прифаќаат да станат „северномакедонци“, да им го свртат грбот и да се откажат од своите браќа и сестри во регионот. Референдумот имаше логика само ако беше организиран пред кукавичкиот чин на Заев, Димитров и Шекеринска  на кој Македонскиот народ ќе одлучеше за судбината на преговорите. Сега е доцна и единствено решение се предвремни парламентарни избори.

 

На лидерската средба партиите треба да се договорат за вистинска реформа на Изборното закондавство. Воведување една изборна единица со отворени листи. Формирање техничка Влада задолжена за спроведување на избори на чие чело ќе застане Македонец од Дијаспората, искрен патриот со висок морален кредибилитет кој претходно не бил дел од срамните домашни политички пазари. На фер и демократски предвремени парламентарни избори Македонскиот народ ќе избере нова Влада која знае како да ги штити Македонските национални интереси.

 

 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *