Писмена реакција за дебаклот на Владината прослава

Почитувани,

Македонскиот народ даде најсоодветен одговор за потценувањето што му го прави немакедонската Влада. Бојкотот на прославите е бојкот на кукавичкиот Договорот Заев –Ципрас.

На Македонскиот народ не му е до славење, туку бара одговори!

Зошто Заев, Димитров и Шекеринска молчат за кампањата на Ципрас со која тој тврди дека Грција не признала Македонска нација и дека немакедонската Влада и провладините медиуми во Скопје насила се трудат поразот да го претстават како победа? Кој е ставот на изродите на Македонскиот народ што највисокиот административен Суд во Грција почна да ја разгледува иницијативата на Пан Македонските асоцијации од Грција кои бараат суспендирање на Договорот Заев –Ципрас? Зошто Заев, Димитров и Шекеринска не објаснуваат како ќе се ратификува нивното велепредавство во Грчкиот Парламент? Најновата анкета во Грција потврдува дека Нова Демократија е пред Сириза со водство од 8 %. Следен Грчки Премиер е Мицотакис кој не го подржува Договорот Заев – Ципрас. Каменос опстојува на ставот дека ќе нема да ја гласа ратификацијата и викендов почна јавно да се препукуваат со Коsијас.

Македонскиот народ е алергичен и на националистичките изјави на Ахмети кој се пресметува со Иванов зошто не му го потпишувал Законот за двојазичност. Уште повеќе нервираат изјавите од ДУИ дека тие спречиле решението за името да било Славо Македонија.

Македонскиот народ е свесен дека двојната формула за клучните идентитетски прашања во Договорот Заев – Ципрас се бришење на се што е свето. Не што не е загарантирана Македонската нација и јазик, туку сега трети Држави можат да не нарекуваат „северномакедонци“.

Заев, Димитров и Шекеринска се соочија со реалноста. Нивното велепредавство не поминува!

НЕ ПРИФАЌАМЕ ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ! САМО ИЗБОРИ СЕ РЕШЕНИЕ!

БАРАМЕ ОСТАВКА ОД НЕМАКЕДОНСКА ВЛАДА!

Немакедонската Влада после дебаклот на Владините прослави е уште повеќе убедена дека без фалсификат, евентуалниот референдум нема да успее. Затоа, сега не е време за референдум, сега е време за предвремени парламентарни избори. На тие избори треба да има една изборна единица со отворени листи и Техничка Влада задолжена за спроведување на избори со Премиер, Македонец од Дијаспората, човек со висок морален кредибилитет кој претходно не бил дел од срамните домашни политички пазари. На фер и демократски избори Македонскиот народ ќе го има својот краен Суд и ќе се ослободи од велепредавниците.

                                                                      

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА                 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *