Писмена реакција за Владината прослава

Почитувани,

 

Заев, Димитров и Шекеринска јалово се обидуваат велепредавството да му го „продадат“ на Македонскиот народ како триумф. Што ќе се слави со народните пари? Продажбата на Уставното име? Согласноста да се смени преамбулата и називите на сите Државни институции? Двојната формула за идентитетот според секој може да не нарекува „северномакедонци“?  Правото на Грците да ни ја ревидираат историјата и учебниците? Кукавичкото откажување од нашите браќа и сестри од Егејска, Пиринска Македонија, Пустец, Мала Преспа , Голо Брдо и Гора? Пуштањето низ вода на Времената Спогодба и Хашката пресуда? Или тоа што ќе станаме безимени и народ без историски корен ако Заев, Димитров и Шекеринска по некое чудо го спроведат велепредавството до крај? НЕ, НЕ тоа ниту бива , ниту минува!

 

ДОСТА ГО ЛАЖЕТЕ И ПОТЦЕНУВАТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

 

Македонскиот народ не е наивен! Договорот Заев – Ципрас е веќе одбиен. Ако Татковината навистина оствареше победа на меѓународен план народот сам ќе излезе на улиците и плоштадите и ќе славеше! Немаше да чека Заев да ги повика! Изродите на Македонскиот народ ќе прават лажна еуфорија со партиски активисти на Владината коалиција!

 

Македонската Дијаспора го повикува Македонскиот народ да не наседнува на провокации насочени кон нови срамни поделби на националното ткиво. Не дозволувајте да ви наметнуваат вина и грижа на совест ако сте патриоти и го браните светото име Македонија. Лажна е тезата на изродите дека оние кои се против велепредавството се против членството на Татковината во ЕУ и НАТО Алијансата. И ние сме за ЕУ и НАТО! Но само како Република Македонија и никако поинаку! Стратешката определба да бидеме на таа маса и во тоа друштво Македонскиот народ со децении се бори да ја оствари врз основа своето универзално демократско право на самоопределување, а не со прифаќање на сите Грчки уцени.

 

НЕМА ПОТРЕБА ОД ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ! БАРАМЕ ИЗБОРИ!

 

Бараме реформа на Изборното закондавство. Една изборна единица со отворени листи. Техничка Влада задолжена за спроведување на избори на чие чело ќе застане Македонец од Дијаспората, човек со висок морален кредибилитет кој претходно не бил дел од срамните домашни политички пазари. На фер и демократски предвремени парламентарни избори Македонскиот народ политички ќе ги казни изродите, кои потоа за своето предавство кривично ќе одговараат пред Специјално Обвинителство!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски 

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА          

One thought on “Писмена реакција за Владината прослава

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *