ВМРО-ДПМНЕ: Инвестицијата „Теламон“ е сработена од владата на ВМРО-ДПМНЕ

Владата на СДСМ продолжува да се фали со проектите и инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ. Инвестицијата на компанијата „Теламон“ е резултат на работата на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ангажманот на министерот Џери Наумоф.

Првиот контакт е напоравен во 2015-та година и од тогаш целокупното планирање и изготвување на план беше со силен ангажман и поддршка на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. На владата на Заев им требаше цела година да склучат договор на она што речиси беше завршено во целост.

Инвестициите на компанијата „Теламон“ и американската компанија „Дога“ чиј камен темелник ќе се случи наредната недела се дел од пакетот на 60 странски компании со кои беше во напредни преговори владата на ВМРО-ДПМНЕ, и е вистинска штета што од 60 компании до сега владата на СДСМ реализираше само 2 инвестиции.

Им се заблагодаруваме што со ваквите свои чекори ја покажуваат огромната разлика помеѓу имањето на сериозни инвестиции и сега кога нема нови и сеуште се влече владата на оние сработени од претходната на ВМРО-ДПМНЕ.

Со отпуштање на економските промотори, покачувањето на даноците и барањето на мито на странски инвеститори и констатираната корупција на највисоко ниво не може да се очекува напредок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *