Нацрт-извештајот на Европскиот Парламент за Македонија дава полна поддршка за почетокот на преговорите со ЕУ во јуни 2019. За извештајот ЕП ќе гласа во ноември.
– ЕП целосно ја поддржува препораката на Европската Комисија и одлуката на Советот да се одреди јуни 2019 како датум за старт на преговори како признание за охрабрувачките реформски напори, смета дека брзо отворање на скрининг процесот и на пристапните преговори ќе го оддржи и продлабочи реформскиот момент, смета дека отворањето на преговорите би донело дополнителен поттик за демократизација, и би ги зајакнало надзорот и отчетноста, стои во нацрт-извештајот на Европскиот Парламент за Македонија.
Извештајот, кој го пишуваше известувачот за Македонија Иво Вајгл, ги поздравува договорите за добрососедство со Грција и Бугарија, и ги повикува властите должно да ги информираат своите граѓани за содржината и импликациите на договорот со Грција, како и совесно да ги исполнат сите внатрешни процедури за ратификација и имплементација на договорот.
Документот го повикува македонското Собрание “целосно да ги искористи своите надзорни и законодавни функции“ и да ја ограничи употребата на итните процедури, и им порачува на политичките партии во земјата да ги демократизираат своите внатрешни процедури на одлучување.
Како и во извештајот на Европската Комисија, и одлуката на Советот за старт на преговори, најголемите критики се однесуваат на владеењето на правото во Македонија.
Извештајот потсетува дека корупцијата во земјата останува распространета и бара одржливи резултати за случаите поврзани за висока корупција и организиран криминал, и ја поздравува работата на СЈО во “тешки услови“.
ЕП очекува и отчетност во однос на прислушуваните разговори и бара од Собранието да ги заокружи реформите на разузнавачките служби и да обезбеди соодветен надзор врз нив. Македонија, според ЕП, треба и да го подобри управувањето со системите за азил и миграција и да ја зголеми соработката со европската агенција Фронтекс
ЕП го поздрави носењето на законот за јазици, но упати критики за тактиките кои имаа за цел да го поткопаат носењето на законот во согласност со процедурите.
Извештајот оценува дека подобрувањата во медиумската сфера и независното известување се скромни, но го поздрави укинувањето на владините рекламирања во медиумите како важна мерка.
-ЕП повикува на дополнителни заштитни мерки против партизација на медиумите, ја истакнува потребата да се зајакне независноста и капацитетите на медиумскиот регулатор и јавниот сервис, повикува на мерки за зголемување на заштитата на работничките и социјални права на новинарите, стои во извештајот.
Европскиот Парламент бара и да има истраги за заканите и заплашувањата на новинарите и осудува секаков вид на говор на омраза и популистичка реторика.
Европските пратеници за овој извештај прво ќе гласаат на ниво на комитет на почетокот на ноември, а на пленарна сесија во ноември.
Известувачот Иво Вајгл ќе го посети Скопје во понеделник и вторник следната недела.
Wow, fantastic blog format! How long have you ever been running a blog for?
you made blogging glance easy. The overall look of your web site is fantastic,
as smartly as the content material! You can see similar here sklep internetowy
This piece of writing offers clear idea in favor of the new users of blogging, that
truly how to do running a blog. I saw similar here: Sklep internetowy
It’s very interesting! If you need help, look here: ARA Agency
It’s very interesting! If you need help, look here: ARA Agency