Доскорешниот кошаркар на “Карпош соколи” и македонски репртезентативец, Стојан Ѓуровски, останува во Македонија, а кариерата ќе ја продолжи во “Блокотехна” од Гевгелија.
По финансиските проблеми во кои западна “Карпош соколи”, Ѓуровски заедно со уште неколку првотимци го напушти клубот со желба да замине во странство. Сепак ангажманот засега изостана, а тој остана без клуб. Сепак Ѓуровски и Блокотехна најдоа заеднички јазик, па сега гевгеличани ќе бидат посилни за еден квалитетен кошаркар.
Ова е втор пат Ѓуровски да игра во нашиот најјужен град. Пред две години настапуваше за “Кожуф”.