СЛАБ НАСТАП НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛИВАЧИ

Дека пливањето во Македонија е на катастрофално ниски гранки уште еднаш покажа ЕП во пливање во кратки базени кое се одржува во Копенхаген. Утринава свој настап во квалификациите имаа Љупчо Ангеловски и Миа Крстевска.

Ангеловски настапи во дисциплината 50 метри слободно и во својата група го освои петтото место.Неговото време 23:62 беше доволно за 75 место во генерален пласман во конкуренција на 79 пливачи.

Миа Крстевска во дисциплината 200 метри грбно исплива време од 2:20:82 што беше најслабото во оваа конкуренција, па на крајот заврши како 28 од исто толку натпреварувачки.

Утре во квалификациите ќе настапат Љупчо Ангеловски (50 метри пеперутка), Миа Крстевска (50 метри грбно) и Ана јаневска (100 метри пеперутка).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *