Соопштение за јавност за заклучокот на НАТО Самитот

Почитувани,

 

Несомнено е дека на Татковината одамна и е местото во НАТО Алијансата. Но само и единствено како Република Македонија и никако поинаку! Стратешката определба да бидеме на таа маса и во тоа друштво Македонскиот народ со децении се бори да ја оствари врз основа своето универзално демократско право на самоопределување, а не со прифаќање на сите Грчки уцени.

 

Сосема очекувано е нашите меѓународни сојузници да го поздрават Договорот Заев – Ципрас. За нив е најважно да ги решат крупните стратешки прашања без емоции за нашето најважно национално прашање.

 

ДОСТА ГО ЛАЖЕТЕ И ПОТЦЕНУВАТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

 

Пораката на Генералниот Секретар Јенс Столтенберг е јасна. Заев, Димитров и Шекеринска бадијала се трудат да наметнат некаква еуфорија во обид да го оправдаат нивното велепредавство со некаков лажен триумф. Македонскиот народ не е наивен. На сите им е јасно дека само со сменето Уставно име, преамбула и називите на сите Државни институции, со прифаќање дека секој може да не нарекува „северномакедонци“, со ревидирана историја и учебници, со само откажување од нашите браќа и сестри од Егејска, Пиринска Македонија, Пустец, Мала Преспа , Голо Брдо и Гора, со авто забрана да се користи древното сонце од Кутлеш, со срамно признание дека Грците се единствени и ексклузивни наследници на Александар, може нашата земја да полноправна членка на НАТО Алијансата. Ние треба да влеземе во НАТО безимени и како народ без историски корен!

 

НЕМА ПОТРЕБА ОД ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ! БАРАМЕ ИЗБОРИ!

 

Сега е време да се создадат сите неопходни услови за фер и демократски предвремени парламентарни избори, на кои Македонскиот народ ќе се ослободи од изродите кои за своето предавство ќе мора да се соочат со сопствената одговорност.

 

МАКЕДОНИЈА БИЛА, Е И ЌЕ ОСТАНЕ МАКЕДОНИЈА!

 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *