Грабар-Китаровиќ: Договорот за името е многу добар

Хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ за хрватските медиуми пред Самитот на НАТО изјави дека се надева дека Договорот за името ќе помине на референдум и порача дека го оценува како многу добар, бидејќи се зачувуваат зборовите Македонци и македонски.

– За нас е посебно важно да се стабилизира југоистокот на Европа, драго ми е што ќе се упатат позитивни пораки за Македонија, која постигна договор со Грција. Верувам и се надевам дека ќе биде потврден на референдум, кој е историски. Ги разбирам чувствата на некои Македонци . Меѓутоа сметам дека овој Договор е исклучително добар, бидејќи освен што со името Северна Македонија, грчкиот дел станува Јужна, сепак се споменува Македонци и сѐ друго. Мислам дека е тоа добар компромис и се надевам дека сите ние во НАТО ќе и помогнеме на Македонија да го заврши процесот, но пристапувањето може да се очекува дури за година, година и половина. Она што е важно е што Македонија во меѓувреме може да учествува на состаноците без право на глас, изјави хрватската претседателка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *