Иванов присуствуваше на инаугурација на турскиот претседател

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов заедно со сопругата Маја Иванова присуствуваше на инаугурацијата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Од Кабинетот на Иванов соопштуваат дека тој му ја честитал на Ердоган победата и постигнатиот успех на предвремените претседателски и парламентарни избори и му посакал успешно извршување на претседателската функција.

 

Иванов му се заблагодарил на Ердоган за досегашната поддршка од Турција и изразил уверување дека и во наредниот период ќе продолжи пријателството и соработката меѓу двете земји.

На церемонијата што се одржа во Претседателската палата во Анкара, претседателот Ердоган имаше обраќање, откако претходно положи заклетва во турскиот Парламент. На свеченоста присуствуваа 22 претседатели на држави и 28 премиери, претседатели на парламенти и министри

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *