Кулоглу: Очекувам „да“ на референдумот, Договорот ќе помине и во Грција

Грчкиот европратеник, левичарот Стелиос Кулоглу, очекува позитивен исход од претстојниот референдум за името во Македонија. Смета дека без сомнение  Договорот ќе биде ратификуван и во Парламентот на Грција.

Според него, двете земји треба конечно да го надминат ова прашање.

– Мора да го решиме прашањето, да гледаме во иднината, а не во минатото. Се надевам дека ќе има јасно мнозинство и од ваша страна за да се затвори ова прашање. На граѓаните е да одлучат. Се надевам дека ќе има гласање „за“ во корист на Договорот зашто мислам дека е глупаво за двете земји кои немаат територијални претензии, недоразбирања и нерешени прашања да имаат тензични односи цели 27 години, рече Кулоглу в о интервју за Топ тема на телевизија Телма.

Договорот за името, оцени пратеникот, е фер за двете страни и никој не е понижен. Националистите, пак, од двете земји што велат дека Договорот е предавство, всушност покажува дека Договорот е добар.

– Договорот не е ниту уцена, ниту понижување. Грција можеше да продолжи со постојната ситуација без проблем, но имаше волја да го реши пробелмот. Тоа е и суштината на Договорот. Грција со Договорот не сакаше на ниту еден начин да ја понижи другата страна. Ако која било од страните од Договорот е понижена, Договорот нема долго да опстане, напомена  Кулоглу.

Во врска со ратификацијата на Договорот од грчка страна, тој очекува реакции од, како што вели, некои националисти во Грција, од екстремната десница и од опозициските партии.

– Имаме опозиција, да, но Договорт ќе помине во Парламентот, нема сомнение во тоа, дециден е Кулоглу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *