Часови по веронаука во основно училиште во Пинкрист (Сиднеј)
Во основното училиште „West Penncrest Public School“ во Сиднејската населба Penncrest, на децата од 5, 6 и 7 одделение, веќе неколку недели, секој понеделник, по редовната настава им се одржуваат часови по православна веронаука. Часовите ги предава парохискиот свештеник при црквата Света Богородица – Пречиста во Ловерпул, протоерејот Димче Воиновски.
Преку вероучението најмладите се поучуваат на нашата убава православна вера, а некои од децата на часовите добиваат можност да го вежбаат, учат и усовршуваат македонскиот јазик.
Денес, на Втор Ден Велигден, радоста кај децата-ученици беше поголема, затоа што секое дете доби велигденско јајце, а воедно на часот, тие научија за историјата и значењето на бојадисаното велигденско јајце.
Христос Воскресна! Навистина Воскресна!