Отворено писмо со поддршка за Претседателот на Републиката Ѓорѓе Иванов

Почитуван Претседателе Иванов,

 

Во името на целата Македонска Дијаспора ви изразувам искрена патриотска поддршка за вашето јавно изразено ветување и став дека по ниту една цена нема да ја потпишете ратификацијата на срамниот кукавички чин на актуелната немакедонска Влада. За жал, денес во Татковината се ретки политичарите кои навистина го разбираат значењето на положувањето на заклетва и преземање обврска да се штити Државата и Народот. За секој активен општествен чинител е највисока патриотска должност да се брани Уставот на Република Македонија и да се одржи наследството кое нашите претци ни го оставија во аманет, херојски плаќајќи го со своите животи. Не се плашете од заканите. Само слаби луѓе кои знаат каков зулум прават и деновиве гледајќи се во огледало се срамат од самите себе за тоа што му го прават на својот народ, се однесуваат така. Ве уверувам дека брзо ќе дојде време кога ќе мора да се соочат со сопствената кривична одговорност, а нивната совест ќе ги пече цел живот.

 

Жалам што изродите на Македонскиот народ се обидуваат дополнително да го разделат и уништат Македонското национално ткиво. Уценети, алчни за функции и принудени да одработат смислија една перфидна теза. Обидувајќи се да го истуркаат своето велепредавство сакаат да наметнат мислење дека оние кои го бранат Уставното име се мрачни и ретроградни сили, кои наводно по налог на странски сили како Русија и Турција се противат на членството на Татковината во ЕУ и НАТО. Не, јас за себе тврдам дека тоа не е точно! Јас Ѓорѓија Џорџ Атанасоски успешен државјанин на САД, Републиканец со блиски конекции со администрацијата на Претседателот Доналд Трамп и сега и од секогаш сакам да ја видам Татковината, полноправен член на ЕУ и НАТО Алијансата. Но, не по цена Македонија да се обезличи, да се откажеме од нашите браќа и сестри од Егејска, Пиринска Македонија, Мала Преспа, Голо Брдо, Гора и Пустец, да им признаеме неправедно на Грците дека се единствени наследници на Александар Македонски, да се откажеме од древниот симбол – сонцето од Кутлеш, да ги смениме имињата на сите Државни институции, да прифатиме да ни се менува историјата и учебниците и на уште на крај да не ословуваат како „северномакедонци“. Е тоа не го прифаќам и никогаш нема да се согласам на вакво понижување и загрозување на иднината на мојот народ.

 

Ова се крајно чувствителни моменти за Татковината. Ја користам оваа прилика да ве охрабрам да опстоите на она што го започнавте и да бидете сигурни дека и јас да сум на ваше место без ниту една дилема би постапил исто! Од мојата сегашна позиција, како Претседател на Македонска Алијанса со сите сили, политички и демократски методи ќе застанам на патот на актуелната немакедонска Влада во Татковината која се труди на дело да спроведе продажба на вековното Македонско име и да избрише се што е свето во Македонската историја. Македонскиот народ низ историјата поминал низ многу премрежја, ќе ја издржиме и оваа немакедонска Влада и ќе излеземе посилни од било кога!

 

БОГ ДА ЈА ЧУВА ТАТКОВИНАТА!

 

 

 

 

                                                                                          Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                          МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *