Дураки на првиот состанок на министрите за животна средина во рамките на Енергетската заедница

На 15-от министерски состанок на државите потписнички на Енергетската повелба што се одржа во Приштина, каде учествуваше и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, поставена е визијата за политиката за клима и енергија за периодот после 2020 година.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, ова е прво учество на министри за животна средина на министерски состанок во рамки на Енергетската заедница, пракса која ќе продолжи и понатаму, .

– Со препораката за интегрирани национални енергетски и климатски планови ќе се даде придонес кон обезбедување на рамка за воедначување на известувањето за обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и стакленичките гасови, стои во соопштението.

На маргините на настанот министерот Дураки оствари и билатерална средба со министерката за животна средина на Косово Албена Рефки Решитај со која, се наведува, дискутирале за можностите за унапредување на соработката во областа животна средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *