Владата засега не потврдува дека премиерот Зоран Заев ќе има билатерална средба со неговиот грчки колега Алексис Ципрас на маргините на Самитот за земјите од Западен Балкан што наредната недела ќе се одржи во Лондон.
– Наредната недела патуваме на Самитот во Лондон и на Самитот на НАТО во Брисел. Доколку на маргините на некој од овие два самита има средба на двајцата премиери ќе ја информираме јавноста, рече на денешната прес-конференција владниот портпарол Биле Бошњаковски.
Тој одговарајќи на новинарско прашање истакна дека не се водат ниту ќе се водат разговори за промена на химната, ниту некои од македонските државни симболи.
– Воопшто, ниту во минатото, ниту сега, ниту некогаш во иднина ќе се разговара за промена на химната на Република Македонија. Таа останува таква каква што е, рече владиниот портпарол.
Тој додадее дека нема разговори ниту за другите симболи, ниту било што надвор од тоа што било официјално кажано.