СДСМ: Владата останува посветена на обезбедување чиста и здрава животна средина

Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена на обезбедување чиста и здрава животна средина и квалитетни услови за живот за сите граѓани.

Во општина Прилеп беше пуштена во употреба досега најголемата пречистителна станица за третман на отпадна вода којашто ќе опслужува околу 95.000 граѓани.

Пречистителната станица во Прилеп ќе ги третира и прочистува отпадните и канализациски води, со можност од нив да се произведува биогас. Пречистената вода ќе се враќа во градската река. На овој начин се заштитиува и унапредува животната средина и здравјето на граѓаните. Граѓаните на Прилеп ќе можат да конзумираат чиста храна, наводнувана со чиста вода, одгледувана во чиста и здрава животна средина.

Проектот за пречистителната станица е само дел од бројните проекти финансирани од ИПА програмата и е уште една потврда за придобивките на Македонија од евроинтегративниот процес којшто овозможува и отворање на нови фондови и развојни линии за финансирање на проекти што се во интерес на граѓаните и државата.

По Струмица и Кичево, ова е трета пречистителна станица пуштена во употреба, а следува изградба на пречистителни станици и во Тетово и Битола, Штип, Кочани и други општини во државата.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните и продолжува со спроведување на мерките што овозможуваат здрава и чиста средина, нови капитални инвестиции и повисок квалитет на живот за сите граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *