Мерката Гаранција за млади со одлични резултати, за само три месеци вработени се 419 млади лица
Гаранција за млади, пилот проектот на Владата предводена од СДСМ , покажува одлични резултати.
За само три месеци од неговото спроведување се вработиле 419 лица, 196 почнале да посетуваат обука, а 160 почнале пракса во некоја компанија.
Во проектот кој се спроведува во три општини Струмица, Гостивар и градот Скопје досега се вклучени 1532 лица на возраст до 29 години кои се невработени и непријавени во АВРМ.
Целта на оваа мерка е младите да добиваат квалитетна понуда за вработување, натамошно образование, стажирање или практикантство. Сите овие се клучни за успешното интегрирање на младите во пазарот на трудот и намалување на одливот на образован кадар од земјата.
Гаранција за млади е активна мерка за вработување на млади лица која се спроведува во државите од Европската Унија. Но, иако нашата земја сеуште не е членка на ЕУ, Владата започна со воведување на „Гаранција за млади“,и следење на европските младински политики со цел отворање на можностите за младите во Македонија.
Водејќи се од овие резултати, Владата на Република Македонија предводена од СДСМ е подготвена, од следната година да ја спроведе „Гаранција за млади“ како активна мерка за вработување, обука, тренинг и пракса на младите на цела територија на Република Македонија .