ВМРО-ДПМНЕ: Најавуваната младинска гаранција огромна лага

СДСМ ги излажа младите. Младите се понижени и без перспектива. Оваа власт  не знае и нема идеја како да го подобри животот на младите луѓе.

Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Рената Десковска и Стефан Богоев ветуваа дека младите по завршување на своето образование ќе добијат понуда за вработување, практиканство или дообука и тоа како проект кој ќе го реализираат уште во првите шест месеци од новата влада. Помина повеќе од една година, а ни трага ни глас од овој проект.

СДСМ ги излажа младите. Најавуваната младинска гаранција е огромна  лага. Безперспективноста е поголема од било кога до сега. Власта не само што не ги врати 600.000 иселени како што тврдеше, туку и бројот на иселени го зголеми.

Бројот на млади кои си заминуваат и трајно ја напуштаат државата е зголемен. СДСМ треба да одговори дали се вистинити податоците дека околу  100.000 граѓани е бројката на ново иселени, откако тие се на власт.

Граѓаните, а посебно младите се разочарани од оваа власт. Државата тоне во секој поглед, а власта не само што нема план како тоа да го запре, туку е директен причинител на катастрофата. Повеќе од една година економијата е на нула, индустријата ни  е најслаба во регионот, а градежништвото во слободен пад од 37%. Секогаш кога мислиме дека со СДСМ го допревме дното, тие не уверуваат дека може и полошо.

Оваа безперспективност мора да запре. СДСМ  мора да си замине. Животот на граѓаните нема реприза, за да дозволуваме СДСМ да прави елементарни грешки. Република Македонија заслужува подобро. Младите заслужуваат просперитетна иднина, со СДСМ тоа не е возможно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *