Средба на Жерновски со италијанскиот амбасадор Карло Ромео

Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и италијанскиот амбасадор Карло Ромео на денешната средба во МНР изразиле задоволството од успешниот развој на билатералните односи меѓу Република Македонија и Италијанската Република, и од заемните напори за натамошно зацврстување на пријателските врски.

Како што соопшти МНР, заменик министерот Жерновски ги поздрави континуираните заложби на Италија за внесување нова динамика во процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, заблагодарувајќи се за принципиелната поддршка од официјален Рим за европската перспектива на нашата земја.

Амбасадорот Ромео, се наведува, порача дека Италија останува силен поддржувач на евро-атлантскиот интегративен пат на Република Македонија, притоа посакувајќи му на заменик-министерот Жерновски успех во извршувањето на функцијата.

Двајцата размениле мислења и за можностите за продлабочување на економските релации меѓу двете земји, како и за мултилатералната соработка, стои во соопштението