Министерот Димитров во работна посета на Стразбур

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе престојува во работна посета на Стразбур, Франција.

Во рамки на посетата, како што соопшти МНР, Димитров во Европскиот парламент ќе оствари средби со шефови на пратеничките групи во Парламентот, меѓу кои се претседателот на АЛДЕ – Ханс ван Бален, претседавачот со Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) – Дејвид МекАлистер кој доаѓа од Европската Народна Партија, како и со неговиот сопартиец Андреј Ковачев.

Во фокус на разговорите ќе бидат натамошните фази од евроинтегративниот процес на Република Македонија, по заклучоците на Европскиот совет минатата недела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *