Заев, тројца министри и Жбогар во работна посета на Прилеп

Премиерот Зоран Заев и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за финансии Драган Тевдовски и за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска ќе престојуваат во работна посета на Прилеп.

Премиерот Заев, министерот за внатрешни работи и евроамбасадорот Семјуел Жбогар ќе присуствуваат и ќе се обратат на почетокот на изградбата на ИКТ центарот за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет во работата.

Според агендата испратена од владината прес-служба, потоа ќе биде отворена пречистителна станица во Прилеп каде ќе присуствува премиерот Заев заедно со министрите Тевдовски и Дураки, евроамбасадорот Жбогар и градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *