Барање до Уставниот суд на Грција за поништување на Договорот од Преспа

Барање за поништување на Договорот од Преспа и барање за поништување на писмата од Грција до НАТО и ЕУ,  испратија до Уставниот суд на Грција, Грчката федерација на културните здруженија на Македонците и Пан-Македонските асоцијации на Македонците од дијаспората.

Од организациите, сметаат дека Договорот го крши Уставот и „води до распаѓање на Грција по брза постапка“ и бараат да се повлечат писмата до НАТО и ЕУ за тргање на грчкото вето за Македонија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во барањето до Уставниот суд на 32 страници, детално ги објаснуваат нивните ставови со кои го поткрепуваат барањето.

– Договорот го прекршува член 27 од Уставот според кој пред да се потпише договорот потребно е претходно гласање во парламентот и тоа со зголемено мнозинство, бидејќи вклучува промена на географски термини (регионот на Македонија во конкретниот случај), пишуваат од организациите во барањето, а во друга точка велат дека било прекршен Уставот бидејќи договорот бил потпишан и покрај „противењето на грчкиот народ за било какво отстапување на името, без одржување референдум“.

– Договорот нѐ навредува нас како Македонци, бидејќи ни го одзема правото да се викаме Македонци (принудени сме да ги објаснуваме фуснотите од договорот на министерот за надворешни работи дека сме антички, а другите се со словенско потекло кои го зборуваат словенскиот македонски јазик, додека ние античкиот македонски, односно грчки! Односно смешни работи!), објаснуваат организациите во барањето.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *