Писмена реакција за ставовите на референдум

Почитувани,

 

Не постои поголемо политичко лицемерие од тоа Заев, Димитров и Шекеринска да се колнат во народот, а притоа да прават се’ да ја фалсификуваат неговата воља. Срамно, дрско и кукавички! Цела недела владините апологети мака мачат да бранат во јавноста тези кои се противуставни и незаконски. Еднаш референдумот да бил консултативен, друг пат цензусот да се намалел, трет пат прашањето да биде трик.

 

НЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМ ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА!

 

Прво, сега нема никаква потреба од референдум. Непосредното изјаснување имаше логика ако уште пред велепредавството се распишеше референдум со прашање „дали сте за продолжување на преговорите со Грција?“. Референдумот ќе беше успешен, а Македонскиот народ ќе ставеше крај на преговорите!

 

Второ, немакедонската Влада не смее сега да плаче за цензусот. Македонската Алијанса повеќе од една година повикува да се спроведе регуларен попис со Комисија која ќе ја предводи лице од Македонската Дијаспора кое претходно не било дел од политичките пазари. Така ќе се добиеше реален избирачки список.

 

Трето, Македонскиот народ не е сенилен, памети како претходната Влада на СДСМ за Законот за територијална организација тераше кампања за бојкот со “некои прашања не заслужуваат одговор“. Зарем, територијалната организација не беше важно прашање за иднината на Татковината?

 

Конечно, Заев, Димитров и Шекеринска знаат дека Македонскиот народ никогаш нема да го одобри нивниот кукавичлак. Затоа, не почитуваат ниту Устав, ниту Закон, ниту Деловник, тераат на сила и се обидуваат вештачки да создадат атмосфера дека референдумот ќе помине со високо мнозинство. Македонскиот народ веќе го одби договорот! Сега треба да се исполнат сите предуслови за фер и демократски предвремени избори, на кои гласачите ќе се ослободат од изродите на Македонскиот народ. Тие ќе мора да соочат со кривична одговорност за своите постапки.

 

 

                                                                                          Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСААЛИЈАНСА        

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *