Почитувани,
Македонската Алијанса ја поздравува одлуката на Федералната Унија на Европски националности – ФУЕН, која на 63-от Конгрес кој се одржа во Леуварден, Холандија, уште еднаш усвои Резолуција за правата на Македонците во Албанија, која ја предложи Македонското Друштво „Илинден“ од Тирана, кое е рамноправен член на оваа Унија од 2015 година. Фактот што на Конгресот за Резолуцијата гласале сите 260 делегати, претставници на 50 асоцијации на повеќе од 30 малцинства од исто толку земји во Европа, се дава уште поголема тежина и значење на одлуката на ФУЕН која демонстрира упорност во остварувањето на барањата на нашите браќа и сестри Македонци кои живеат во Албанија. Сите пет точки од резолуцијата, кои се барања до Албанските Државни институции, преиспитување на административната поделба од 2015 и формирање на Општина Голо Брдо и Општина Гора, Македонците да имаат загарантирано еден пратеник во Албанскиот Парламент, Европскиот Парламент да се повлече од одлуката со која Македонците од Преспа, Голо Брдо и Гора беа прогласени за Бугари, осуда за напорите на Бугарија да докаже дека Македонците се Бугари, се демократски барања, начела и принципи за чие остварување заедно се бориме во континуитет.
ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО РЕГИОНОТ СЕ ПРЕДУСЛОВ ЗА СИЛНА ТАТКОВИНА!
Од името на Македонска Алијанса на Претседателот на Македонското Друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај, како и на сите наши браќа и сестри од Албанија им упатуваме искрени честитки. Ова е шлаканица за Заев, Димитров и Шекеринска кои со својот кукавичлак ги предадоа Македонците од регионот. Нашата децениска борба за правата на нашите браќа и сестри Македонци во Егејска, Пиринска Македонија и Албанија е најсилен доказ дека Македонците се жилав народ кој и покрај сите тешкотии, напади, обиди за обезличување, никогаш не се предава и секогаш победува! Татковината била, е, и ќе остане Република Македонија. Македонците никогаш нема да бидат северномакедонци. Сме се справиле со поголеми предизвици, ќе се ослободиме и од овие изроди на Македонскиот народ!
БОГ ДА ЈА ЧУВА ТАТКОВИНАТА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА