КОМБИНАЦИЈА ВРЕДНА 100 МИЛИОНИ ЕВРА

ПСЖ како еден од најмоќните клубови во светот е секогаш во центарот на вниманието, особено кога се во прашања засилувањата. Така ќе биде и во зимскиот преоден рок, во кој се очекуваат вистински “бомби” поврзани со овој клуб. Засега е извесно само дека ПСЖ ќе се впушти во потера по голман, а како најсериозни кандидати за место меѓу стативите на овој гигант се споменуваат Џанлуиџи Донарума и Јан Облак.

Шпанскитѕе медиуми веќе шпекулираат дека французите пуштиле понуда до Атлетико Мадрид за трансфер на словенечкиот репрезентативец. Облак има договор со Атлетико М. до 2021 година и оштетна клаузула од 100 милиони евра, но парижаните прават комбинација која што тешко би можела да не биде земена  предвид од мадридскиот клуб.

Имено, ПСЖ нуди 65 милиони евра во пари, а другите 35 би ги покрил со трансфер на двајца свои извонредни фудбалери, кои и тоа како би му биле потребни на Симеоне. Се работи за голманот Кевин Трап и за аргентинецот Хавиер Пасторе, со што Атлетико би бил сосема задоволен и обештетен.

За очекување е дека Атлетико малку ќе тактизира, но сепак последниот збор ќе го има Диего Симеоне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *