Писмена реакција за ставовите на Заев, Димитров и Шекеринска

Почитувани,

 

Немакедонската Влада продолжува да живее во својот свет на предавството. Од една страна Заев, Димитров и Шекеринска тврдат дека конечниот суд ќе го даде Македонскиот народ, а од друга страна сите кукавички чекори кои ги преземаат покажуваат дека ако тие се прашуваат веќе се’ е завршено, а останатото е нивна глума. Не почитуваат ниту Устав, ниту Закон, ниту Деловник, тераат на сила и продаваат некакви лажни емоции дека им било тешко што го продале името и ги болело кога ги викале предавници бидејќи се жртвувале за подобро утре. Уште пострашно се вештачки да создадат атмосфера дека референдумот ќе помине со високо мнозинство.

 

НЕ ГО ПОТЦЕНУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! НЕ СЕ ЗАНЕСУВАЈТЕ ДЕКА СТЕ ВИЗИОНЕРИ! ВИЕ СТЕ УЦЕНЕТИ ПРЕДАВНИЦИ!

 

Заев, Димитров и Шекеринска се нафатија да го тераат ова велепредавство по секоја цена. За нив нема друг избор освен до крај да се обидат да го жртвуваат најсветото за Татковината. Меѓутоа, во нивното сценарио има една маана. Го потцениле сопствениот народ. Убедени се дека можат да го прелажат и да ја фалсификуваат неговата воља. Македонскиот народ веќе го одби договорот. Тоа парче хартија ќе биде само доказ во правосудна постапка кога ќе се утврдува кривична одговорност за сите што ја предадоа Татковината. Договорот на Заев и Ципрас нема никаква правна важност за Македонскиот народ. Македонија била, е и ќе остане Македонија! Заев, Димитров и Шекеринска, можат да потпишат и да се согласат единствено промена на нивните лични и имињата на нивните деца.

 

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА!

 

Македонскиот народ сака во ЕУ и НАТО. Но, не по цена на продадено Уставно име, сменета историја и учебници, сменета преамбула, сменети Државни институции, откажување од нашите браќа и сестри Македонци од Егејска, Пиринска Македонија, Мала Преспа, Пустец, Голо Брдо, Гора, откажување од древниот Македонски симбол – сонцето од Кутлеш, признавање на Грците дека се ексклузивни наследници на античката цивилизација. Уште повеќе Македонскиот народ слуша дека Ципрас и после потпис на фамозниот Договор тврди дека Грција не прифаќа Македонска националност, туку само државјанство. Заев, Димитров и Шекеринска да бидат сигурни дека ако организираа референдум пред нивното предавство, огромно мнозинство од Македонскиот народ ќе се изјаснеше за прекин на преговорите. Македонскиот народ поминал низ многу историски премрежја, ќе ги издржи овие изроди и ќе излезе посилен од било кога!

 

                                                                                          Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКААЛИЈАНСА                                                                                                                                   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *