Македонското МНР испрати нота до грчкото дека Договорот е ратификуван

Министерството за надворешни работи испрати нота до грчкото МНР, со која го известува дека Договорот за решавање на спорот за името е ратификуван во Собранието.

Откако ќе ја добијат нотата, грчките власти ќе достават известување до Европскиот совет, во кое ќе наведат дека повеќе нема пречки за процесот на приклучување на земјата кон ЕУ.

Претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша и го достави Законот за ратификација на Договорот на потпис кај претседателот, Ѓорге Иванов.

Тој има рок од седум дена да одлучи дали ќе го потпише Договорот, кој во неделата во Псарадес го потпишаа шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *