ПОРАЗ И ПОБЕДА НА МЛАДИТЕ НАДЕЖИ

Репрезентациите на Македонија за фудбалери до 15 и 16 години, предводени од селекторот Марио Вујовиќ, гостуваат на Кипар каде што одиграапо еден пријателски натпревар со своите врсници од таа земја. Селекцијата до 16 години извојува победа од 4-3, додека нивните помлади колеги загубија со 0-1.

Овие натпревари се подготвителни и пред се му служат на селекторот да ги согледа слабостите во својот тим, но и како шанса за нивно воигрување.

За утре се закажани уште два натпревари меѓу овие исти противници.