Струмичката поетеса Сузана Мицева добитник на меѓународна награда во Бугарија

Струмичката поетеса Сузана Мицева ја освои првата награда во категоријата странски поети на поетскиот конкурс „Лирични гласови“ што го организира Сојузот на софиски библиотеки и издавачките куќи „Изида“ и „Персеј“ од Софија, соседна Бугарија.

На свечената церемонија на доделување на наградите што се одржа викендов, поезијата на Мицева беше прочитана на мајчин и на бугарсзки јазик во превод на Тања Попова. Втората награда во ова акатегорија ја доби Нехас Сопај од Албанија, а третата Дунија Паланжени од Романија.

– Главната награда за бугарските поети е издавање книга, а наградата за нив од годинава ја носи името на Романола Мирославова, која за жал, почина лани по долго и мачно боледување, само две недели по смртта на својот сопруг, истакнатиот поет Ефтим Ефтимов. Во нејзина чест, поетскиот фестивал се одржува таму каде што е востановен, во малата и трошна, но полна со историја библиотека, „Никола Вапцаров“. Честа е огромна, особено што сум наградена во друштво на универзитетскиот професор Сопај, и Панаоглу, позната поетеса од Романија, рече Мицева.

Големата награда на Шестиот меѓународен поетски конкурс ја доби бугарскиот поет Евгени Минчев кој го доби признанието „Ромањола Мирославова“ и договор за издавање книга.

Од бугарските поети наградени беа Силвија недкова со прва награда, Алина Стојанова со втора и Ани Димитрова со трета награда.

Специјални награди добија Даниел Тунев, Ана Христова и Људмила Тодорова.

Годинава на конкурсот се пријавиле 224 поети, меѓу кои многу повеќекратни добитници на награди и високи признанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *