„Апокалиптични соништа и сеништа“ е насловена јубилејната изложба по повод 50 години творештво на Павле Кузманоски, која вечер во 19.30 часот ќе биде отворена во Музејот на Град Скопје.
Ќе биде презентирана и нова монографија на цртежи, во издание на „Матица македонска“, а за опусот на Кузманоски ќе говорат Климе Коробар и Маја Чанкуловска.
Настап ќе има и Женскиот младински хор „Менада“ од Тетово, под диригентство на Ивица Зориќ.