Хрватска го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција за името, и очекува отворање преговори за членство во Европската унија.
– Министерството за надворешни работи го поздравува договорот за името меѓу Република Македонија и Грција. Хрватска очекува Македонија да отвори преговори за членство во Европската унија и да стане членка во НАТО, се вели во соопштение од МНР на Хрватска.
Во него се додава дека „на тој пат како и досега, Македонија ќе има целосна хрватска поддршка“.