Отворено писмо до Македонската јавност

Почитувани,

После објавата на текстот на договорот се е јасно! Предавничката Влада на Заев, Димитров и Шекеринска продала се’ што е свето за Македонскиот народ!  Договор кој предвидува продажба на вековното име Македонија, промена на преамбулата, откажување од нашите браќа и сестри Македонци од Егејска, Пиринска Македонија, Мала Преспа, Пустец, Гора и Голо Брдо, не е само предавство туку изживување врз сопствениот народ! Само изроди на Македонскиот народ можат да стават свој потпис на вакво нешто! Тие се подготвени на се’! Ја фалсификуваат историјата, ќе се обидат да ја фалсификуваат и вољата на Македонскиот народ! За ваков предавнички и кукавички договор нема потреба од референдум! Уште од сега е одбиен од Македонскиот народ! Од предавниците нема да се ослободиме со референдум! За нив има само едно решение! Мора кривично да одговараат за своите постапки!

             МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА!

Драги браќа и сестри Македонци,

Заев, Димитров и Шекеринска мразат и презираат што се Македонци од Македонија. Тие повеќе би сакале да се Грци или Бугари. Нив им смета се’ што е свето Македонско! Во нивните глави и души не постои чувство за патриотизам. Постои само алчност за власт и функции. Бегаат од Македонската историја. Сакаат да ги избришат историските спомени за Македонските синови и ќерќи кои ги положија животите за Татковината. Нивната храброст и херојства ги потсеќаат на нивниот кукавичлак и предавство. Од името на Македонската Алијанса и целата Македонска Дијаспора повикувам на општа мобилизација на Македонците од целиот свет. Македонскиот народ низ историјата поминал низ многу премрежја и секогаш опстанал. Наша обврска е сега да се справиме со овој предизвик. Ќе се избориме заради Македонците кои доаѓаат! Македонија била, е и ќе остане Македонија!

ИСЧИСТЕТЕ ГО МОЧУРИШТЕТО! CLEAN THE SWAMP!

Англиска верзија/English version

Open letter to the Macedonian public

 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *