Флекенштајн: Германскиот Парламент ќе даде поддршка за почеток на преговори со ЕУ

Европратеникот Кнут Флекенштајн изрази задоволство за постигнатиот договор за името и очекува оти во германскиот Парламент ќе има мнозинство за почеток на преговори со Македонија.

Германската канцеларка мора да добие зелено светло од германскиот Парламент за било која одлука за проширувањето на ЕУ, вклучително и за почеток на преговори.

– Сигурен сум и знам дека социјалдемократите се „за“, а исто така и голем дел од моите колеги од Европската народна партија во германскиот Парламент. Можеби не сите, но не се сомневам дека ќе има јасно мнозинство и ќе и даде зелено светло, изјави Флекенштајн.

Тој, како што јави дописничката на МИА од Брисел, порача дека не може да замисли Македонија да не добие почеток за преговори и после, како што рече, толку тешки преговори и толку добра волја, не смее да има повеќе пречки.

– Македонскиот народ го заслужува тоа. Министерот за надворешни работи и премиерот завршија одлична работа и очекувам поголема поддршка од порано, изјави Флекенштајн за МИА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *