Арсовски: РЕК Осломеј се става во погон без филтри и исполнети стандарди

Арсовски: РЕК Осломеј се става во погон без филтри и исполнети стандарди

12 јуни 2018

Криминалниот картел на власт кој што го води СДСМ ниту се грижи за здравјето на граѓаните, ниту пак се грижи за Буџетот на нашата држава. Откако по милионски ремонт испадна од погон еден од двата функционални блока во РЕК Битола, и поради неспособноста истиот да се поправи, се става во погон РЕК Осломеј, без филтри и без минимум исполнети стандарди.

Ова е сликата за неспособноста на власта на СДСМ. РЕК Осломеј е ставен во погон без никакви исполнувања на минимум стандарди за заштита на животната средина, без десулфуризација на гасовите. Како и без филтри за останатите штетни гасови по животот на луѓето и животната средина.

Почитувани,

Ова ли се заложбите за чист воздух, здрава животна средина и дали е ова грижа за здравјето на граѓаните? Ова ли е животот што ни се нудеше пред повеќе од година ипол? Не почитувани граѓани, ова е класичен еколошки геноцид, незнаење, неспособност и негрижа од страна на актуелната влада за здравјето на граѓаните од Кичево.

Производството на струја во РЕК Осломеј, покрај тоа што ја загадува  животната средина исто така е сериозна опасност по здравјето на граѓаните, но тој исто така генерира дневна загуба од речиси 240.000 евра, четврт милион.

Произведување на струја во РЕК Осломеј е нерентабилно и носи директни загуби на граѓаните. Цената на струјата произведена во РЕК Осломеј е неколкукратно поголема од регулираната.

Долгорочно производство на струја во РЕК Осломеј ќе носи милионски загуби и непроценливи штети врз животната средина и граѓаните. Десетдневно работење на РЕК Осломеј ќе значи директна финансиска загуба од 2 милиони и 400 илјади евра. Потенцирам за само 10 дена граѓаните губат 2 милиони и 400 илјади евра.

СДСМ е вистинска непогода и катаклизма за енергетиката. Една година СДСМ е еднакво на една година економски загуби за граѓаните и еколошки геноцид за животната средина и за сите граѓани кои што живеат во тој регион. Ова систематско уништување на енергетиката мора да запре и да прекине.

Почитувани граѓани,

Република Македонија и граѓаните во нејзе заслужуваат многу подобро од власта на СДСМ.

Овој криминален картел мора да се разбие и да падне од власт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *