Конференција за одржливо рударство според канадските стандарди

Стопанската комора на Македонија  во соработка со Амбасадата на Канада во Србија, денеска организира конференција на тема „Трилатерален дијалог за канадските стандарди за одржливо рударство“.

Целта на конференцијата е да се пренесат позитивните практики и стандарди за одржливо рударство од развиените земји, развој на рударските проекти за заемна корист на сите заинтересирани страни и постигнување отворен дијалог во однос на правниот аспект во процесот на донесување одлуки.

– Неодамнешните случувања во рударството покажаа потреба за развој на директната комуникација меѓу клучните чинители во секторот. Позитивното влијание на рударските проекти за зајакнување на економијата на Македонија од една страна, како и почитувањето на животните стандарди на граѓаните и заштита на животната средина, од друга страна, треба да се пренесат преку едукативен и фактички дијалог, смета Комората.

На конференцијата се најавени обраќања на амбасадорката на Канада во Србија задолжена за Македонија Кати Чаба, како и на високи владини претставници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *