Промоција на стрипот „Кочо Рацин живот песни и смрт“

Во пресрет на празникот 25 ноември и денот на основањето на установата во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани како и 78-годишнината од отпечатувањето на Рациновите „Бели мугри“, во Центарот за култура во Кочани се одржа промоција на најновото издание на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, стрип изданието под наслов „Кочо Рацин-живот, песни и смрт“ од авторите Ване Трајков и Димитрија Михајловски.

– Тајната на стрипот е во едноставниот пристап во раскажувањето приказна преку слики, која ги плени луѓето од цел свет повеќе од сто години. Стрипот е приказна базирана на сценарио и раскажана преку цртежи – накусо филм на хартија. Поради големата популарност, стрипот како форма на културен израз се здоби со епитетот „деветта уметност“. Стрипот не излегува од тренд. Тој сеуште е голем предизвик за многу писатели, уметници, драматурзи, сценаристи, карикатуристи, афористи…заедно да создадат дело кое во себе вклучува повеќе културни вредности. За читателите и колекционерите е можност да уживаат во стрип маѓијата, истакна Габриела Стефановска стручен соработник за книжевност и издавачка дејност при Центарот во Кочани.

Изданието го промовира еден од авторите Ване Трајков кој истакна дека сценариото наменето за филм или драмска серија, го преточиле во стрип издание. Пред присутните посетители на промоцијата беа преставени и останатите стрип изданија на Центарот за стрип од Велес.

 

One thought on “Промоција на стрипот „Кочо Рацин живот песни и смрт“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *