ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА – ПАТУВАЊЕТО ДО ИНДИЈА – ОДЕЊЕ ПО СТАПКИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ПАТУВАЊЕТО ДО ИНДИЈА – ОДЕЊЕ ПО СТАПКИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Набргу по враќањето од Австралија, следело ново патување. Тоа било прво гостување на индискиот потконтинент. Влезната врата  им била градот Бомбај. Таму се претставиле со популарни ромски, но и други нумери. Почнале од конзулатот за потоа да засвират и запеат за ју-градежниците на работа во Индија. Следел концертот во „Интернационал“ за членовите на дипломатскиот кор.

Есма и Ансамблот „Теодосиевски“ добиле интересна покана која не можеле да ја одбијат. Тоа било настап на некаков „Каменов брод“. Брод од флотата на Индиската морнарица кој бил направен од бетонски и камени делови. Непосредно пред концертот, слетал хеликоптер со првиот адмирал на индиската воена флота, кој специјално дошол сакајќи да присуствува на концертот на гостите од Европа. Морнарите и сите присутни, без малку на раце ги кренале Есма и музичарите, восхитени од уникатниот настап и специфичниот и редок вокал на солистката.

По враќањето од Индија продолжиле со патувања и настапи. Секое лето во 70-тите години на XIX век Ансамблот со месеци гостувал по јадранскиот брег. Понекогаш и со неколку концертни тури на ден од северните до јужните крајморски градови, пред публика од различни етникуми, земји и континенти. Незаборавни биле тие впечатоци од Дубровник, Улцињ, Копар, Сплит, Будва, и од каде не.

Со овој хронолошки пристап на мини-сагата на Стево, продолжуваме за да се долови мозаикот на неговото време и живот и за да се заокружи еден целовит приказ на неговата блескава кариера.

1vistin123.4589

На Ромскиот фестивал во Индија

Тие немале време за одмор, бидејќи влегувале од една во друга гостувачка тура. Во годините на маестралниот подем на Ансамблот, добиле покана за повторно гостување во Индија од Романолошкиот институт, и за учество на Првиот фестивал на ромската музика во градот Чандигар.

Не само што поканата била прифатена, туку на пат до Индија тргнале малку со авантуристички дух. Толку далеку решиле да тргнат со свое возило минувајќи низ какви сѐ не  предели, планини, реки и долини, снегови и дождови, и сѐ така, до портите на Чандигар. Или тоа со обична математика значи, дека извозиле 7,5 илјади километри пат до Индија, скоро истиот пат како оној на  Александар Трети Македонски.

Иако успеале да стасаат непосредно пред самиот почеток на фестивалот, тоа не им пречело веднаш да се подготват за излез на сцената. Заморот како со рака бил однесен кога излегле пред многубројната публика.

Во сеќавањата на Есма и Стево им е незаборавната атмосфера и реакцијата на публиката. Есма ја отпеала првата песна, па втората, и неколку следни, меѓутоа, од публиката молк. Ниту аплауз, ниту некој да се помрдне од столовите. Од таква невообичаена тишина која ги разочарала, се повлекле, сметајќи дека тоа е големо фијаско, и голем неуспех за нив.

Меѓутоа, само што застанале со наведнати глави зад бината, кога наеднаш одекнал толку силен аплауз кој чиниш урива сè пред себе и траел долго. Целата публика била на нозе и аплаудирала непрекинато. Организаторот неколку пати ги враќал пред публиката Есма, Стево и Ансамблот, така што се создала невидена еуфорија. По еден така голем фестивалски успех тие биле прогласени за „Крал и Кралица на ромската музика и песна“.

1vistin123.45899

Есма и Стево во Индија

Меѓутоа, како што им прилега на „Крал и Кралица“ во престолнината на Индија – Њу Делхи, им укажале висока чест и уживање, претседателот и премиерот на Индија, Индира Ганди, примајќи ги во своите официјални резиденции… Средбата била незаборавна. Многу спомени, многу искушенија. Таму, во Идија Есма ги нашла корените на својот ромски јазик, на своето дамнешно потекло. Сето тоа Есма и Стево го почувствувале со возбуда и одушевување. Затоа, во нивните изјави рекле дека во Индија се чувствувале како дома во Македонија.

По Ромскиот фестивал нив ги чекал далечен пат, нови илјадници километри до дома. Поминувајќи низ таа маршрута, на враќање имале концерти во Кабул и во Техеран. По враќањето од Индија осум месеци концертно ги крстосувале Германија, Шведска, Швајцарија, Франција, Белгија и Данска. Само што ја завршиле таа турнеја, следела нова, двојно подолга. Цели 16 месеци биле на пат во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

По трет пат го прелетале Атлантскиот Океан. Со автомобилот што го купиле  таму, точно 45 дена патувале од  Чикаго и Детроит  до Виндзор и Торонто, од Гери до Кливленд и источниот Њујорк и Њу Џерси. Не се задржале само таму туку продолжиле кон Калифорнија.

Ја минале пустината Невада, стасале до градот на коцката и илуминацијата Лас Вегас за следните патешествија да се случуваат кон Лос Анџелес и Холивуд. Мексико била новата дестинација во чиј главен град Сиудад Мексико биле пречекани многу срдечно и биле воодушевени од големото внимание и раскошот на животната средина и окружувањето.

Првиот концерт го одржале во југословенската амбасада, другиот во Националниот парк, а третиот настап било 30-минутно шоу на телевизиската мрежа чија програма од Мексико била пренесувана во голем дел од латиноамериканските земји и во САД.

Цели две години Есма и Стево со нивните музичари тогаш биле на долго патување низ целиот свет. Конечно, се вратиле во Белград. Тогаш ја промовирале идејата наречена „Уметниците – за доброволните дарители на крв“. Така одржале доста концерти со хуманитарен предзнак, најпрво во Србија.

Набргу потоа акцијата ја продолжиле во Република Македонија. Заедно со македонскиот Црвен крст организирале 11 хуманитарни концерти и тоа во Кочани, Скопје, Битола, Прилеп, Куманово, Титов Велес, Виница,Тетово и Кичево. Сето тоа било за хуманите луѓе кои доброволно дарувале дел од најценетото во себе – крвта.

Концертот во родниот град на Стево, во Кочани, бил одржан кога бил и свечениот чин на отворањето на Домот на културата. Место кое денес претставува значајно собиралиште и сцена за сите идни приредби, културни настани, а особено за младите луѓе кои  имаат свое убаво катче. На Стево му се вратиле спомените од неговите младешки години, кога речиси во никакви услови се трудел, работел, се ангажирал и така создал свој музички имиџ.

Веќе ги отпакувале куферите, а Есма и Стево со другарите биле поканети повторно да патуваат во Индија. Откако биле возвишено испратени од Првиот фестивал на Ромите, и по постигнатиот успех, тие заминале да учествуваат и на Вториот фестивал кој го отворила Индира Ганди, а настапот на Ансамблот „Теодосиевски“ бил проследен со многу симпатии. Во Њу Делхи се сретнале со претседателот на Републиката, кому му донеле дарови од својата татковина.

Тогаш одржале специјален концерт во претседателската палата. Исто така, присуствувале на 94. роденден на легендарната личност на Индија и светот, Џавахарлал Нехру, во неговиот град Алахабат. Таму била и родната куќа на Индира Ганди. Се разбира, и сето тоа не поминало без музичкиот настап на Есма и Стево. Првиот концерт бил одржан претпладне за младите, а вечерта следел свечениот дел пред околу пет илјади поканети  угледни гости од целиот свет.

И така деновите, месеците, годините минувале.

Сѐ поисполнета, побогата и позначајна станувала биографската реденица на Стево Теодосиевски. Човекот кој од своето Кочани кинисал по музичките хоризонти, постигнал исклучителни успеси, а крај себе ја имал и неговата Есма. Тандемски ги обиколиле континентите, градовите и државите. Научиле музички и воспитале човечки, многу млади таленти, и тоа станало дел од нивниот живот.

Дале илјадници концерти. Настапиле на сцените од студениот Сибир, до врелата Невада. Од Мексико до Шведска. Од Канада до Австралија. Од Индија до Египет. Од Шпанија до Германија, од Швајцарија до Иран…

Продолжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (3)

ДЕЛ ОД БИОГРАФИЈАТА НА ЕСМА – II ДЕЛ

Есма со Ансамблот „Теодосиевски” престојуваше во многуте кризни подрачја во светот, зафатени со војни, природни катастрофи, епидемии, охрабрувајќи ги и духовно помагајќи им на луѓето да ја пребродат кризата. Два пати била кандидат за Нобеловата награда за мир зад чија кандидатура се потпишале повеќе од 50 невладини хуманитарни институции од татковината и ширум светот

За време на заедничката кариера Стево и Есма Теодосиевски, присвоиле 47 момчиња, ги здомиле, воспитувале, образувале, овозможувајќи им да завршат музичко училиште во нивниот дом и сега сите тие имаат сопствени музички кариери. Исто така, Есма Реџепова-Теодосиевска, со нејзина целосна поддршка ја финансираше сиромашната девојка Елеонора Мустафова, која студираше соло пеење.

Покрај создавањето на вака бројно музичко семејство, Есма Реџепова – Теодосиевска и Ансамблот „Теодосиевски“ имаа одржано повеќе од 2.000 хуманитарни концерти, имаа спроведено повеќе хуманитарни активности и донации, од кои би се издвоила донацијата направена за градот Скопје „Домот на хуманоста и Музејот на музиката на Есма и Стево Теодосиевски“, во кој живееше Есма Реџепова–Теодосиевска.

Со право се вели дека хуманоста и борбата за мир со песна и благородни дела е основна содржина и богатство на животот на Есма. Со порака за мир, Есма со Ансамблот „Теодосиевски” престојуваше во многуте кризни подрачја во светот, зафатени со војни, природни катастрофи, епидемии, охрабрувајќи ги и духовно помагајќи им на луѓето да ја пребродат кризата.

Во дел од биографијата на Есма Реџепова-Теодосиевска, меѓу другото е запишано дека таа како естраден уметник одржала илјадници концерти насекаде во светот, околу шестотини композиции се трајно впишани на плочи касети и компакт-дискови, отпеани на 20 јазици; телевизијата – како еден од електронските медиуми и има отстапено многу часови; има добиено повеќе од 2.000 благодарници за хумано дело; одгледала, школувала и одомила педесетина деца; таа е носител на златен и сребрен Титов медал за особени придонеси во културата во поранешна Југославија; добила златен медал за „Пејач на милениумот“, доделен во Москва во конкуренција на врвни пејачи од 83 земји; добитник е на наградите „13 Ноември“ и „20 Ноември“, освојувач е на наградата на УНИЦЕФ во Белград и носител на првиот пасош од Детската амбасада  во светот.

Два пати била кандидат за Нобеловата награда за мир зад чија кандидатура се потпишале повеќе од 50 невладини хуманитарни институции од татковината и ширум светот; Носител е на титулата „Примадона на европската песна“ и „Кралица на ромската песна во светот“; добитник е на државната награда „Мајка Тереза“; добила „Орден за заслуги на Македонија“ и, исто така, добитник е на титулата „Национален уметник на Македонија“.

Вака сублимирана низ бројќи и факти изгледа биографијата, односно библиографијата на оваа извонредна жена, промотор на ромската и македонската музичка приказна насекаде низ светот, Есма Реџепова-Теодосиевска. Многумина, и не случајно, ја нарекуваат втора Мајка Тереза. Оваа „дива со големо срце“ како што ја нарече списанието „Жена“ уште во далечната 1963 година, одржа 50 хуманитарни концерти низ Израел за помош на жртвите од скопскиот земјотрес. Оттогаш илјада пати одржала концерти за оние на кои им беше потребна помош насекаде низ светот – пеела за беспомошните во Индија, Мексико, Србија, Босна, Пакистан, Хрватска, Иран и други земји во светот, но најмногу за Македонија.

Во сите земји  ширум земјината топка прозвучела ромската и македонската песна, носени од моќниот глас на нашата Есма Реџепова-Теодосиевска. Со години светот ја препознаваше по нејзината ретко убава песна „Зошто си ме мајко родила“ и „Чајорије шукарије“ и одговорот на овие стихови е веќе кристално јасен дека таа беше на овој свет поради една своја мисија – да пее, да облагородува, да помага…

1isks12345678

Есма и Стево

Споменавме само дел од активностите на Есма, но вистински проблем човек ќе има доколку сака да ги наброи сите нејзини останати концерти одржани на најреномираните сцени на сите меридијани, како и за другите музички и други активности во светот. Така, кога се внесува нејзиното име кај некој од пребарувачите на Интернет, човек ќе се најде среде вистински лавиринт со големо богатство од материјали.

Затоа е тешко да се одберат најдобрите, најафирмативните, најпопуларните и најсоодветните материјали објавени во домашните и светските информативни гласила, со цел да се изгради огледалото за животот и делото на Есма Реџепова-Теодосиевска.

Во последните децении Есма се етаблираше во сите европски и светски центри и ја промовираше македонската култура на меѓународен план. Во текот на своите 55 години активно музичко творештво, учествувала на врвни музички фестивали и манифестации низ светот, Есма Реџепова-Теодосиевска даде голем придонес во афирмирањето на македонската култура и традиција надвор од Република Македонија.

Инаку, постои разлика меѓу Есма на професионален и Есма на приватен план. Ако на сцената таа беше нескротлива, во приватниот живот беше многу мирна жена, која повеќе слушаше, а помалку зборува=е. Сакаше да се дружи со луѓето, сакаше да им помага на сиромашните, на некој начин да ги заштити послабите. Не беше недопирлива, баш напротив себеси се сметаше како дел од народот, ја радуваше што луѓето така ја доживуваа. Отсекогаш сакалала мирен живот исполнет со љубов и почитување кон останатите во околината што ја опкружуваше.

Есма одамна живеше во демократија, прифаќајќи го пазарното стопанисување и во културата и ништо не ѝ беше неостварливо затоа што беше голем работник со висок потенцијал и квалитет. Несомнено, таа беше целосно граѓански ориентирана интелектуална личност чија  душа ја потиснуваше тешка болка поради предвременото заминување на нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски. Затоа, можеби Есма и ги пружи рацете кон Васил Тупурковски кога тој изјави „Сите сме Македонија!” наоѓајќи во тоа трошка надеж дека кај нас нешто, сепак, ќе се смени.

Во текот на животот, покрај настапите, и покрај грижата за големото семејство, Есма Реџепова-Теодосиевска успеваше да даде и свој придонес во политиката. Беше активна членка на Демократската алтернатива на Васил Тупурковски, кого многу го ценеше и почитуваше. Таа беше член во Советот на Општина Центар како претставник на ВМРО- ДПМНЕ. Но, како и во животот, така и во политиката Есма настапуваше со своето космополитско кредо: „Гордост поради независноста на Република Македонија“.

Затоа, таа со задоволство го заклучи следното: „Многу сум среќна тоа е исполнување на сонот на многу генерации што Република Македонија е назависна и самостојна држава. Сега кога сме самостојна држава, сами можеме да ја раководиме земјата како што сакаме. И пресреќна сум сега што оваа плејада млади луѓе кои ја водат државата, многу правилно го прават тоа. Се гради, многу се работи. Јас знам дека сега во моментот Скопје е градилиште. Но, до крајот на годината ќе се види дека ќе биде многу убаво, а веќе до 2014 година ќе бидеме прекрасна и убава земја и има што да се види кога ќе дојде некој странец во Македонија“, велеше Есма.

Според нејзините зборови: „Република Македонија дава голем придонес за Ромите и е пример за сите земји за тоа како треба да се почитуваат ромските права. Ромските првачиња во Македонија ромскиот јазик го изучуваат факултативно, сè поголем број потоа продолжуваат со средно образование, а сè повеќе и на факултетите. Ромите не се асимилирани во Македонија. Во Уставот сме признати како националност. Си имаме пратеник во парламентот, градоначалникот на Општината Шуто Оризари е Ром, имаме свои директори и други функционери. Едукацијата на Ромите оди напред сè подобро и подобро“, заклучуваше Кралицата на ромската песна.

Цели 55 години таа одржуваше концерти низ светот, концерти кои заземаа свое место во средствата за јавно информирање и на кои собираше средства за своите штитеници, школувајќи ги и купувајќи станови, опремувајќи ги за да им обезбеди среќен и пристоен живот. Есма, која долги години живееше и работеше како добротворна институција и за многумина беше замена на скопјанката Мајка Тереза.

Продолжува

1sla3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (1)

 

55 ГОДИНИ ЕСМА СО НЕЈЗИНАТА ПЕСНА

Есма Реџепова–Теодосиевска беше најмаркантното музичко име на ромската, македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена. Но, таа беше и жена  која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Таа беше жената со божествен глас, почнувајќи од нејзиното прво музичко откривање на 11 март 1957 година, благодарение на ангелскиот глас во период од 55 години, стана светски прифатена и призната

Илустрираното  монографско дело „55 години Есма со нејзината песна “ на авторот Славе Катин, издадена во 2015 година, на 410 стр страници, во издание на Издавачката куќа „Македонска искра“ и асоцијацијата „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ од Скопје, а со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија е на македонски, англиски и ромски јазик.

Монографијата е посветенo на амбасадор на ромската песна и македонски музички освојувач на сите меридијани. Име познато и признато, уважено и респектирано во музиката. Вистината за Есма Реџепова – Теодосиевска е една необична, интересна и многу убава приказна, која е облагородена во оваа монографија и со авторовата имагинација, знаење и умеење, Есма е претставена како пример за афирмација на македонската и ромската песна и за Република Македонија.

Есма Реџепова–Теодосиевска беше најмаркантното музичко име на ромската, македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена. Но, таа беше и жена  која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината.Жената со божествениот глас која почнувајќи од првото музичко откривање на 11-годишна возраст кога ја пријавуваат да се натпреварува во радиоемисијата „Микрофонот е Ваш“, во која ја освојува првата награда па сѐ до нејзините последни мигови од животот.                                          

 

На таа рана возраст станува популарна и тогаш ја забележува музичкиот уредник Стево Теодосиевски, кој набргу од Есма прави музичка дива на која успесите и концертите беа нејзин неминовен белег. Благодарение на својот ангелски глас таа стана прифатена и призната ширум светот. Со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам, со својата оригиналност и музичка виртуозност го освои светот и стана лесно препознатлив македонски бренд на сите континенти.

Есма Реџепова-Теодосиевска беше истакнат естраден уметник цели 55 години, јубилеј кој ретко кој може да го доживее. Таа беше неуморна на музичката естрада како гласовен гениј однегуван во неприкосновен добродетел на врвна уметничка креација. Есма владееше со волшебниот клуч на комуникацијата, срцето, емоциите и страста, па така, разгорени истите ги пренесуваше на публиката од целиот свет.

Таа со неподнослива леснотија ги интерпретираше ремек-делата на македонскиот и ромскиот дух што го достигнува маестралната изведба на гласот на Кралицата на песната. Тоа излегува од дното на душата и со својата сила успеваше да ги расплаче и најтврдите срца, бидејќи топлината и вибрациите на нејзиниот глас ги разбудуваа и најскриените емоции кај луѓето.

Херојот на оваа монографија, Есма, со своето 55-годишно дружење со ромската и македонската песна постојано се залагаше за афирмација на македонската култура во Република Македонија, на Балканот и во целиот свет. Таквата угледна музичка ѕвезда, легенда и патриот – вљубеник во својата татковина, секогаш ја водеше светата мисла да ја претстави песната и да остави вечни траги за идните генерации.

Многумина рекле и напишале дека Есма беше Есма, единствена и неповторлива. Гласот на Есма проникнуваше од нејзиното срце, па таа светот го опејуваше, храбреше, воздигнуваше, облагородуваше, збогатуваше, го хранеше и напојуваше со својот милозвучен глас, што ја чинеше редок музички уметник, а тоа и го даруваше судбината, а мисијата и го трасираше  патот да биде хуманитарка.

Многумина рекле и напишале дека Есма беше Есма, единствена и неповторлива. Гласот на Есма проникнуваше од нејзиното срце, па таа светот го опејуваше, храбреше, воздигнуваше, облагородуваше, збогатуваше, го хранеше и напојуваше со својот милозвучен глас, што ја чинеше редок музички уметник, а тоа и го даруваше судбината, а мисијата и го трасираше  патот да биде хуманитарка.

Многумина рекле и напишале дека Есма беше Есма, единствена и неповторлива. Гласот на Есма проникнуваше од нејзиното срце, па таа светот го опејуваше, храбреше, воздигнуваше, облагородуваше, збогатуваше, го хранеше и напојуваше со својот милозвучен глас, што ја чинеше редок музички уметник, а тоа и го даруваше судбината, а мисијата и го трасираше  патот да биде хуманитарка.

Со својот божествен глас таа досега „излажала“ многу народи. Кога пеела во Шпанија, мислеле дека е шпанска Ромка. Во Русија „малку го згрешила акцентот“, па публиката помислила дека е од Узбекистан. Во Келн публиката од 20.000 посетители занемела пред нејзиниот глас. Во концертната сала завладеала апсолутна тишина како никогаш дотогаш.

Таа беше среќна што по втор пат била номинирана за Нобелова награда за мир. Првпат во 2002 година, како кандидат на Црвениот крст на Југославија, а во 2006 година, како адут на Светската организација на Ромите, со поддршка на 76 невладини организации и лајонс-клубови во земјава.

Поради својата оригиналност и музичка виртуозност Есма беше нарекувана Кралица на ромската музика во светски рамки. Затоа, во 2010 година, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ја одликуваше оваа естрадна уметничка со „Орден за заслуги за Македонија“, за нејзината дотогашна работа во музиката, како  и за нејзините хумани дела и филантропски активности.

Iiselr17899Есма и оркестарот „Теодосиевски“

По тој повод нејзината скромност ќе рече: „Ова високо признание не го добивам јас, туку го добиваат граѓаните на Македонија, затоа што секогаш сум присутна во нивните домови. Ова не е само признание за мене, туку признание на сите националности кои живеат во Македонија“.

Исто така, Есма Реџепова-Теодосиевска беше првата жена која во  2013 година, ја доби престижната титула „Национален уметник на Република Македонија“. Таа беше трет добитник на ова највисоко државно признание, меѓу четворицата, Симон Трпчески, Милчо Манчевски и Борис Трајанов.

Ако некој ја воздигна ромската жена како самосвесна, смела, решителна, топла, умна, трудољубива, пожртвувана, секако, тоа беше Есма. Есма Реџепова–Теодосиевска постојано ја дарувала публиката и со убавата песна која е присутна на сите збиднувања во животот на Ромите, Македонците и на сите вљубеници на убавата песна во светот.

Таа е присутна со песната „Македонско девојче“; на сите свадбени церемонии со „Чајорије шукарије“, а на забавите, без оглед на возраста на присутните, им ја развеселувала душата со песната „Чекај животе“. Нејзината порака беше дека го сака животот и не штедејќи се ја подарува љубовта на луѓето.

Нејзината судбинска мисија беше дарување, помагање, да биде мајка над мајките, непоколеблива и истрајна во намерите секој да се опсипе со огромна љубов како непресушен извор на добрина, што ја чини ретка во овој по малку чудесен свет. А, нејзината цел на животот беше хуманоста која доследно ја следеше цел живот, станувајќи препознатлива со македонската и ромската народна музика.

Жената со божествениот глас, почнувајќи од нејзиното прво музичко откривање на 11 март 1957 година, благодарение на ангелскиот глас во период од 55 години, стана светски прифатена и призната. Со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам таа го освои светот. Есма со својата оригиналност и музичка виртуозност стана лесно препознатлив македонски бренд во светот.

Пеејќи во фустан од македонското знаме, таа  покажа колку ја  љуби својата земја и ја носи традицијата на македонскиот и ромскиот народ, кој како трепет е прелеан низ звуците што се шират. Кога беше на сцената и на турнеите, Есма не беше само извонреден глас, таа беше вљубеник во својата земја за која говореше на сите средби со новинарите, амбасадорите, политичарите, претседателите, градоначалниците и со публиката.

Често пати на многубројните гостувања, беше ангажирана да одржи предавања за нејзиното музичко творештво, на кои таа секогаш користеше можност да ја претстави својата Македонија и нејзините убавини, па, така, не е преамбициозно ако се каже дека Македонија во светот е препознатлива и по Есма Реџепова, за што говорат многубројните награди, пофалници, титули, признанија и благодарници од целиот свет. Затоа, со право се вели дека Есма Реџепова – Теодосиевска беше амбасадор на нашата култура и промотор на Република Македонија.

Продолжува

1sla3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

КРАЈНО ВРЕМЕ Е ДА СЕ ЗАЧУВА ИМЕТО И ДЕЛОТО НА ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА!

По пет години од смртта на Есма Реџепова – Теодосиевска и сите дејствија што се случуваат во врска со името и делото на Есма и Стево, во овој текст ќе наведеме факти кои треба да помогнат  да се исполни заветот на „Кралицата на ромската песна“, со цел тоа да послужи на идните генерации и на Република Македонија да се почитуваат и паметат успесите и постигнувањата  на сите полиња на македонските граѓани.

Илустрираното  монографско дело „55 години Есма со нејзината песна “ на авторот Славе Катин, издадена во 2015 година, на 410 стр страници, во издание на Издавачката куќа „Македонска искра“ и асоцијацијата „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ од Скопје, а со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија е на македонски, англиски и ромски јазик. Рецензенти на делото се Васил Тупурковски и Јордан Плевнеш.

Тоа е дело за Есма Реџепова–Теодосиевска која беше најмаркантното музичко име на ромската, македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена. Но, таа беше и жената која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Таа беше жената со божествен глас, почнувајќи од нејзиното прво музичко откривање на 11 март 1957 година, благодарение на ангелскиот глас во период од 55 години, стана светски прифатена, позната и призната како естраден уметник

1ste1234Есма со оркестарот „Теодосиевски“

Монографското дело со наслов „Есма“ е посветено на македонската музичка легенда и едно од најпознатите естрадни имиња кај нас  и во низа  земји на повеќе континенти – Есма Реџепова Теодосиевска. Тоа е дело за вистината на блескавата кариера, сублимат на животот, биографско-публицистички времеплов за 55-те години на сцената на оваа доблесна дама, истакнат уметник, потврден хуманист, донатор, и човекољубец. Монографијата е хронопис и веродостоен приказ за угледната музичка ѕвезда и патриот, вљубеник во својата татковина Република Македонија и нејзиниот животен сопатник, истакнатиот музички уметник Стево Теодосиевски.

Есма и нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски, светски познатиот армоникаш одржале илјадници хуманитарни концерти за оние на кои им била потребна помош насекаде низ светот. Есма пеела за беспомошните во Индија, Мексико, Србија, Босна, Пакистан, Хрватска, Иран и други земји во светот, но најмногу во Македонија. Таа беше најголем промотор на ромската, особено на македонската музичка приказна насекаде низ светот. Затоа, Есма Реџепова -Теодосиевска не случајно, ја нарекуваат втора Мајка Тереза.

Во рецензијата за монографијата за Есма Резепова -Теодосиевска, заедничкиот пријател  Васил Тупурковски, меѓу другото,  ќе го нашише следното: „Навистина ми причинува големо задоволство и чест што сум рецензент на многу значајната монографија „Есма“ од Славе Николовски-Катин, автор кој ѝ е познат на македонската и меѓународната културна и научна јавност по бројните публикации, новинарски и научни трудови. 

Мојата рецензија, всушност, е прилог кон ова дело посветено на доблесниот естраден уметник, истакнат хуманист и докажан донатор Есма Реџепова-Теодосиевска, која, во исто време е мој голем пријател и соработник. Есма е име, кое е познато, признато, уважено и респектирано на многу полиња и децениски потврдено во музичкиот свет во Република Македонија и во светот.

Оваа значајна и по многу нешта единствена тријазична монографија од овој вид (на македонски, на англиски и на ромски јазик, а има текстови и на српски јазик) претставува осврт за ликот и делото на Есма Реџепова-Теодосиевска. Монографијата претставува сублимат за уметничкиот труд на благородната Ромка, сместен во еден биографско-публицистички времеплов кој е своевидна сага за нејзиното опстојување. Монографијата со сета скромност е лика и прилика за животот и делото на Есма и нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски што ќе остане вечно да се сеќаваат генерациите

Вистината за Есма Реџепова–Теодосиевска е една необична, интересна и многу убава приказна, која е облагородена во оваа монографија и со авторовата имагинација, знаење и умеење, претставува убав пример за афирмација на македонската и ромската песна и за Република Македонија“,напиша Васил Тупурковски познат општестевик и културолог.

Во рецензијата за монографијата за Есма Реџепова, пак, нашиот пријател Јордан Плевнеш ќе го напише следното: „Мојата рецензија за делото Монографијата за Есма Реџепова, од авторот Славе Катин, големиот вљубеник во Македонија, македонскиот народ и во македонската дијаспора е истражувач на македонската духовна вертикала во меѓународни рамки, ќе ја започнам со моето обраќање во УНЕСКО, во Париз. 

1ste1235Куќата  на Есма и Стево 

Имено, кога пред целата интернационална асамблеа, по повод објавувањето на нејзиниот албум во „Хармонија Мунди“, реков дека Есма е, била и ќе биде, музичката митолошка слика на слоевите на уметничката сила на Македонија од антиката па сѐ до денес. 

Поради својата оригиналност и музичка виртуозност Есма е нарекувана „Кралица на ромската музика“ во светски рамки. Во 2010 година, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ја одликува оваа естрадна уметничка со „Орден за заслуги за Македонија“, за нејзината досегашна посветеност на музиката, како и за хуманите дела и филантропски активности. Исто така, Есма Реџепова-Теодосиевска е првата жена која во 2013 година, ја доби престижната титула „Национален уметник на Република Македонија“. Таа е трет добитник на ова највисоко државно признание, меѓу четворицата, Симон Трпчески, Милчо Манчевски и Борис Трајанов.

Оваа монографија ќе го ретрасира патот на нејзината возбудлива Одисеја и таа може да биде основа за еден документарен филм, по угледот на Вим Вендерс и Буена Виста Социал Клуб. Може да биде основа и за еден мјузикл, кој што би можел да се игра во Њујор, Њу Делхи, Пекинг, Токио, Москва и во сите европски метрополи. Може да биде основа и за театарска претстава, и за опера, бидејќи, сите жанри се слеваат во една митска река што се нарекува Есма Реџепова, таа извира во Макеоднија и се слева во светскиот бескрај на уметничката вечност“, напиша  Јордан Плевнеш, Ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – ЕСРА, Амбасадор на Македонија во УНЕСКО и драмски писател.

Со право се вели дека хуманоста и борбата за мир со песна и благородни дела е основна содржина и богатство на животот на Есма. Со порака за мир, Есма со Ансамблот „Теодосиевски“ престојуваше во многуте кризни подрачја во светот, зафатени со војни, природни катастрофи, епидемии, охрабрувајќи ги и духовно помагајќи им на луѓето да ја пребродат кризата.

1ste1236 1ste1237Домот музел на Есма некогаш и сега

Инаку, македонската естрадна уметничка, Есма Реџепова-Теодосиевска е родена на 8 август 1943 година, во Скопје. Потекнува од сиромашно работничко семејство. Но, потеклото и историјата на нејзиното семејство е интересно, преселничко, составено од повеќе нации, космополитско, во кое царувале трите најважни светски религии: еврејската, муслиманската и православната. За жал, на 11 декември 2016 година, по кратко и тешко боледување на 73 годишна возраст почина „Кралицата на ромската музика“, македонскиот музички амбасадор во светот, Есма Реџепова – Теодосиевска.

Во дел од биографијата на Есма Реџепова -Теодосиевска, меѓу другото е запишано дека таа како естраден уметник одржала илјадници концерти насекаде во светот, околу шестотини композиции се трајно впишани на плочи касети и компакт-дискови, отпеани на 20 јазици; телевизијата – како еден од електронските медиуми и’ има отстапено многу часови; има добиено повеќе од 2.000 благодарници за хумано дело, затоа ја споредуваат со Мајка Тереза.

Таа е носител на златен и сребрен Титов медал за особени придонеси во културата во поранешна Југославија; добила златен медал за „Пејач на милениумот“, доделен во Москва во конкуренција на врвни пејачи од 83 земји; добитник е на наградите „13 Ноември“ и „20 Ноември“, освојувач е на наградата на УНИЦЕФ во Белград и носител на првиот пасош од Детската амбасада  во светот; два пати била кандидат за Нобеловата награда за мир зад чија кандидатура се потпишале повеќе од 50 невладини хуманитарни институции од татковината и ширум светот; носител е на титулата „Примадона на европската песна“ и „Кралица на ромската песна во светот“; добитник е на државната награда „Мајка Тереза“; добила „Орден за заслуги на Македонија“ и, исто така, добитник е на титулата „Национален уметник на Македонија“.

Во 2010 година „Кралицата на ромската музика’ и светски признатата естрадна уметница Есма Реџепова прими орден за заслуги од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов за нејзината досегашна работа во музиката, но и за нејзините хумани дела и филантропски активности.По тој повод нејзината скромност ќе рече: „Ова високо признание не го добивам јас, туку го добиваат граѓаните на Македонија, затоа што секогаш сум присутна во нивните домови. Ова не е само признание за мене, туку признание на сите националности кои живеат во Македонија“.

Исто така, во оваа монографија за Есма Реџепова–Теодосиевска е забележано дека таа избра да живее на Кале, покрај Музејот на Гоце Делчев и Музејот на современата уметност. Куќата што таа и нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски почнале да ја градат пред повеќе од дваесеттина година служеше и како стан во кој живееше Есма и како Дом на хуманоста „Куќа музеј на музиката на Есма и Стево Теодосиевски“.

Куќата целосно не е завршена, но таа е распоредена на четири нивоа. Освен дневната соба со трпезарија и кујна, како и спалните соби сместени еден кат погоре, кои претставуваа дом на „Кралицата на ромската песна“, според проектот на професор Димитрие Голубовски, се изградени уште еден голем дневен престој со поглед кон градот, како и изложбен музејски простор на приземјето со адекватни помошни простории.

По смртта на Есма, куќата треба да биде претворена во мавзолеј, а на приземјето ќе бидат изложени урните со пепелта на Стево (каде и сега се наоѓа) и на Есма. Во дворот, пак, ќе има малечок амфитеатар и ќе се уреди паркот на целата локација. Куќата и Музејот се предвидени да бидат заедно во еден објект, затоа што идејата на Есма беше по нејзината смрт луѓето да можат да видат сѐ што било поврзано со неа и со Стево Теодосиевски.

При една средба, за куќата и Музејот Есма ни изјави: „И Стево и јас сакавме луѓето да можат да дојдат и да видат како сме живееле и да разгледаат сѐ што на некој начин било поврзано со мојот и со животот на Стево“, велеше “Кралицата на ромската песна“.

1ste1238Дел од оркестарот „Теодосиевски“ 

За Македонија, пак, таа често го повторуваше следното: „Сум се родила тука и тука ќе умрам. Го сакам македонскиот народ, оваа земја. Секогаш со гордост истакнувам од каде сум. По цел свет кажувам дека сум родена во Македонија, во која Ромите најмногу ги зачувале јазикот, традициите и обичаите на својата прататковина Индија. Дека имаме две ромски телевизии, радиостаници, свој застапник во парламентот, ромски градоначалник. Кога со Стево се вративме во Скопје, по триесет години живот во Белград, изгубивме многу пари, ама не жалам. Така одлучивме и никогаш не се покајавме. Дијдивме во Македонија“, велеше Есма.

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН