Албанскиот претседател Илир Мета во интервју за „АЛБ УК ТВ“ изјави дека посакува почетокот на преговорите за членство во Европската унија на Албанија да биде заедно со Македонија. – Во текот на оваа година многу посакувам да почнат преговорите за членство во Европската унија. Тоа би било позитивно постигнување за Албанија и тоа да можеме да го постигнеме заедно со нашиот сосед, Македонија, која постигна голем успех со решавањето на прашањето за името со Грција, со што сега е подготвена да стане членка на НАТО, изјави Мета. Второ, посочува тој, многу би сакал да има успешна финализација на дијалогот меѓу Косово и Србија, бидејќи тоа ќе биде од клучно значење за зајакнување на мирот, стабилноста и соживотот во регионот, но исто така и да се гарантира европската перспектива на двете земји и на Србија и на Косово, во исто време. Во истото интервју Мета оценува дека „ промената на границите не е решеније за регионот“. – Балканот може да напредува единствено преку соживот во хармонија и зошто не во една блиска иднина границите помеѓу државите да бидат минато со влегување во Европската унија. Тоа е филозофијата околу границите изградена од ЕУ, соработка, соживот за да се гарантира безбеден и здрав амбиент за сите, независно од националноста, верската или друга припадност. Верувам дека за Балканот ова било и е многу значајно, смета Мета. Додава дека на Балканот секоја нација е мнозинство во една држава, но е малцинство во една или неколку други држави. И единственото решение е сите држави да ги почитуваат европските стандардите за правата на малцинствата.

Албанскиот претседател Илир Мета во интервју за „АЛБ УК ТВ“ изјави дека посакува почетокот на преговорите…

Во Агенцијата за спроведување на Законот за јазиците ќе има вработувања, ако има реална потреба

Во Агенцијата која ќе биде задолжена за спроведување на Законот за јазиците ќе има вработувања, доколку…

Регистрирани 107 дојави за прекршување на детските права на СОС телефонот во „Меѓаши“ во 2018-та

Вкупно 107 дојави за прекршување на детските права се регистрирани на СОС телефонот за деца и…

Џафери во Албанија ќе присуствува на ратификацијата на Протоколот за членство Македонија во НАТО

Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери утре ќе отпатува во работна посета во Република Албанија. Како…

Села: Сериозно размислуваме за заеднички кандидат Албанец за претседател на Македонија

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, гостувајќи во емисија на тиранската телевизија Ора њуз, рече…

Меѓуресорската група донесе одлуки за спроведување на обрските од Договорот со Грција

 По оддржаниот прв состанок Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Преспанскиот договор донесе одлуки…

Димитров на Твитер: Денешниот ден нека биде почеток на долготрајно пријателство меѓу Северна Македонија и Грција

Пред малку ги разменивме конечните вербални ноти: Преспанскиот договор влегува во сила, напиша на Твитер министерот…

Мицкоски: СДСМ бега од избори

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на својата Фејсбук страница реагираше на одлуката на…

Членките на НАТО го ратификуваат пристапниот Протокол, пред Владата кренато знамето на Алијансата

Процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО од страна на националните…

Прва седница на новиот состав на Антикорупциската комисија

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи првата седница, на која ќе…