И следната година Формула 1 ќе биде без возачот на Вилијамс, Роберт Кубица. Полјакот имаше неколку добри тестирања, но не ги задоволи вкусовите на челниците на Вилијамс. Особено не им се допаднале последните неколку кругови на тест-трките во Абу Даби.
Ова веројатно ќе биде и крај на кариерата на Кубица во Ф1, бидејќи по втиор пат не успева да се врати во “најбрзиот циркус на светот”.
Но, и во Вилијамс имаат проблем. Доколку нивната одлука да се збогуваат со Кубица е конечна, тогаш спас ќе мора да бараат во млади возачи, пред се во 22-годишниот Сергеј Сироткин, кој се подготвува од Ф2 да мине во Ф1. Тој покажал многу подобри перформанси и од Кубица и од Строл, и се очекува до крајот на 2017 година да потпише договор со Вилијамс.