Писмена реакција за преговорите за името

Почитувани,
Во врска со изјавата на Бугарскиот Европратеник Андреј Ковачев за предлогот „Република Илинденска Македонија“, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција: Додека Заев, Димитров и Шекеринска се уште се освестуваат од данајскиот дар на Ципрас, стигна уште една шлаканица од соседна Бугарија. Еден од најактивните негатори на Македонскиот идентитет Андреј Ковачев ни соопшти дека нашиот сосед не е среќен ако предлогот „Република Илинденска Македонија“ алудира на АСНОМ. Бугарија не пропушти да ни најави дека е против предлогот на Владата на Заев и со тоа да ги зајакне позициите на Грција во пресрет на новата преговарачка рунда во Њујорк. Ете колку вреди Договорот за добрососедство!

ДОСТА Е ПОНИЖУВАЊА! БАРАМЕ ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ!

Македонската Алијанса го повикува Собранието да закаже итна седница на која со одлука ќе го овласти Димитров да соопшти во Њујорк дека ги прекинува преговорите се додека не се обезбеди спроведување на пресудата на Хашкиот Суд. Македонија на следниот Самит на НАТО Алијансата да добие покана за полноправно членство, а Европската Унија да одреди датум за почеток на преговорите во согласност со Времената Спогодба. Или меѓународното право ќе важи и за Македонија или нема за што повеќе да преговараме. Ова е единствениот против одговор и превенција од притисокот за да се прифати промена на Уставното име со Горна, Северна или Нова Македонија.

Сега се потребни државнички и храбри одлуки. САД ја призна Македонија под Уставното име и после бесправното Грчкото вето во Букурешт и потпиша со нас специјален стратешко – безбедносен договор. Сме ја имале и секогаш ќе ја имаме нивната поддршка!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски