До последниот момент кога ќе има шанса за напредок, Македонија ќе остане посветена на процесот, вели македонскиот амбасадор во Атина, Дарко Ангелов, во пресрет на новата рунда разговори во Њујорк.
Во изјава за грчките медиуми по конференција за европската интеграција на Западен Балкан, но која беше говорник амбасадорот Ангелов избегна да даде коментар во однос на суштината на разговорите, бидејќи рече дека „повторно се наоѓаме во многу деликатен момент во преговарачкиот процес“, но ја истакна посветеноста на македонската страна за изнаоѓање решение, ј ави дописничката на МИА од Атина, .
-Мојата земја, мојата влада е посветена, активна и проактивна во процесот во изминатите месеци, но и во изминатите години. Остануваме посветени на процесот се до последниот момент кога ќе има шанса за постигнување решение, рече Ангелов.