Не сме добиле критика од ЕК, тврди Османи

Македонија досега не добила ниту формална, ниту неформална забелешка од Европската комисија во однос на динамиката на спроведување на реформите.

Тој посочи дека претставници на земјава имаат континуирани разговори за тоа кои се приоритетите, на што треба да се стави фокусот, со каква динамика треба да се испорачаат реформите.

– Со Брисел имаме секојдневна комуникација, преку делегацијата во Скопје, преку канцеларијата за Македонија, преку контактите со еврокомесарот Хан и високата претставничка Могерини. Идејата на таа комуникација е да можеме на дневна основа да разговараме за потребите, за динамиката, за приоритетите, заеднички да ги утврдиме, рече Османи.

ЕК, како што истакна,  е најголемиот адвокат пред земјите-членки за потребата Македонија да постигне прогрес.

– Комункацијата меѓу ЕК и Владата не е се одвива преку соопштенија, туку преку секојдневни долги состаноци за тоа што треба да се направи во следниот период  Не постои писмо од ЕК, постојат  белешки на нашите членови во мисиите, кои имаат десетици состаноци во денот, во зависност од импресиите од таквите состаноци, е и квалитетот на белешките што ги праќаат до нас, додаде вицепремиерот.